ДВАЕСЕТ И ПРВО СЕДМИЧНО ПРЕДАВАЊЕ СО ПРОФ. ГАНКА ЦВЕТАНОВА

Filed under School Events

Мултикултурализмот во Европа се наоѓа под сериозен предизвик, а последната бегалска криза само го засили истиот. Ова беше тезата на проф. Ганка Цветанова од Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања која додаде и дека не постои совршен модел кој би се пресликал во сите земји, туку секоја држава ќе мора сама да го пронајде најсоодветното решениe кое неа ñ одговара. Проф. Цветанова посочи и дека за овој концепт да се врати на голема сцена, ЕУ ќе мора да најде заедничка цел или мисија која ќе послужи како сврзно ткиво I кое ќе биде препознаено и прифатено од сите граѓани на унијата, без исклучок. Слушатели пак, се интересираа околу мултикултурализмот во Македонија, како и за евентуалните политики за прифаќање и вклучување на бегалците кои веќе се наоѓаат или се упатени кон западноевропските земји.

  

TWENTY-FIRST WEEKLY LECTURE WITH PROF. GANKA CVETANOVA

The multiculturalism in Europe is under serious challenge, whereas the last refugee crisis only strengthened it. This was the thesis of prof. Ganka Cvetanova from the Institute for Sociological, Political and Juridical Research, highlighting that there is no perfect model that would be applicable in all countries, but each country will have to find its own model that is most suitable. Prof. Cvetanova pointed out that in order to revive this concept, EU will have to find a common goal or mission that will serve as the connective tissue that will be recognized and accepted by all citizens of the Union, without exception. Attendees were interested on the multiculturalism in Macedonia, as well as оn the eventual policies of acceptance and integration of refugees who are already in the Western European countries or are head toward them.