РАБОТИЛНИЦИ ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ СО УЧЕНИЦИ ОД СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ОД ГРАД СКОПЈЕ ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ „МАРТ – МЕСЕЦ НА ЖЕНСКИ ПРАВА“

Filed under Activities, Training

Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) во периодот од 15-ти до 19-ти февруари, организира и одржа пет Работилници за родова еднаквост, како дел од „Вечерите на женски права“.

На работилниците учествуваа машки и женски ученици од трета или четврта учебна година од сите средни училишта од град Скопје, а истите се одржаа во пет средни училишта и тоа:

СУГС „Владо Тасевски“,
СУГС „Лазар Танев“,
АСУЦ „Боро Петрушевски“,
СУГС „8-ми Септември“ и
СУГС Гимназија „Орце Николов“.

Целта на работилниците беше родово сензибилизирање на средношколците и професорите, подигнување на свеста и разбирање на важноста на концептот на родова еднаквост, односно зголемување на квалитетот на наставата во средните училишта со вградување на принципите за родова еднаквост во процесот на предавање на наставниот материјал.

Имено, предавањата на работилниците за родова екднавост ги водеа студентите од Институтот за родови студии, Стефан Васев и Дурак Сулејманов, кои преку врежби, демонстрации, прашања и дискусии ги обработија основните концепти поврзани со родовата еднавост и родовите стереотипи.

Така, во текот на работилниците се направи диференцирање на поимите пол и род, потоа се дискутираше за прашања поврзани со улогата на жената и мажот во општеството, стереотипното однесување и нивните улоги во секојдневието, епитетите кои ги носат, а кои се поврзани со родовите улоги, застапеноста на жената во сите општествени сфери како и разликата помеѓу родовата еднаквост и рамноправност. Воедно, учениците обработуваа и студии на случај преку конкретни примери од секојдневниот живот, кои потоа ги дискутираа.