Дали со пропаѓањето на Јужниот тек ќе го снема и руското влијание во регионов?

Share This Post

Ангела Меркел во интервју за весникот „Велт ам Сонтаг“ го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека се обидува да ги направи земјите од Западен Балкан економски и политички зависни од Москва. Според неа, Путин „се меша во внатрешните работи на одредени земји кои сакаат да имаат поблиски врски со Европската унија“. 

Но, дали е оправдан стравот на Брисел и Вашингтон за зголемено руско влијание на земјите од Западен Балкан сега кога проектот Јужниот тек, кој навестуваше зголемено влијание на Москва во овој дел од регионот, не успеа?

За експертите, руското влијание на Западен Балкан ќе продолжи да се зголемува независно што Путин се откажа од реализација на Јужниот тек и дека Западот со право стравува од влијанието на Москва на Балканот. Зближувањето на Москва и Анкара е голема главоболка за Вашингтон и Брисел. Дали Турција ќе се определи за Запад или за Исток, ќе биде клучно за геополитичките прегрупирања на големите сили, сметаат дел од аналитичарите…

More To Explore