Основањето на РЕКОМ придонесува за траен мир на Балканот

Share This Post

Сараево, Загреб, Белград, Приштина, Бања Лука, Подгорица, Скопје 19.09.2014.

 

По повод Меѓународниот ден на мирот, 21 септември, Коалицијата за РЕКОМ укажува дека владите во постјугословенските земји имаат обврска да обезбедат мир, без страв од избивање нова војна и повторување на воените злосторства, како и да изградат добрососедски односи врз основа на почитувањето на фактите и на личното достоинство на сите жртви. РЕКОМ има потенцијал да им помогне на владите во исполнувањето на тие обврски. Затоа, Коалицијата за РЕКОМ ги повикува сите земји, наследнички на некогашна СФРЈ, да ја покренат постапката за основање на Регионална комисија за утврдување на фактите за воените злосторства и другите тешки кршења на човековите права, сторени во периодот од 1991 до 2001 година (РЕКОМ).

Коалицијата за РЕКОМ е составена од 2.050 невладини организации за човекови права, здруженија на бивши логораши, бегалци, семејства на исчезнатите, уметници, писатели, правници и други поединци, кои го делат мислењето дека единствено регионалниот пристап може да обезбеди сеопфатен историски запис за тоа што се случило во минатото, и на тој начин да помогнат во воспоставувањето на одржлив и долготраен мир на просторот на некогашна СФРЈ.

 

More To Explore