ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТИ ЗА ИЗРАБОТКА НА ВОДИЧ И ДОМАШНИ ДОГОВОРИ ЗА Е-БЕЗБЕДНОСТ ВО УЧИЛИШТАТА

0
190

ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТИ ЗА ИЗРАБОТКА НА ВОДИЧ И ДОМАШНИ ДОГОВОРИ ЗА Е-БЕЗБЕДНОСТ ВО УЧИЛИШТАТА

(2експерти * 5 дена = вкупно 10 работни дена)

Во рамките на проектот: „Премин кон превенција: употреба на образованието за спречување на онлајн радикализација помеѓу младите“ (во оригинал: “Passage4prevent: use of education to prevent youth online radicalization”), финансиран од Европската Унија преку програмата STRIVE

 Буџетска линија: 5.2.2. Expert to develop E-safety school guideline and take-home contracts (A 1.4)

ОПИС НА РАБОТНИ ЗАДАЧИ

ИНФОРМАЦИИ ЗА ПРОЕКТОТ

Главната цел на проектот е да се изгради дигитална отпорност кон онлајн радикализацијата на младите преку употреба на образованието за превенција. Бидејќи секоја заедница зависи од активното учество на нејзините членови во спречувањето и борбата против насилниот екстремизам, важно е ваквите алатки да бидат достапни за луѓето да бидат активни на интернет. Младите луѓе користат интернет за да разговараат, дебатираат и да искажат несогласување. Градењето вештини и подигање на свеста како да обработуваат и усвојуваат теми и прашања како што се тероризам и екстремизам, ги прави младите и целокупната заедница поотпорни на овие појави.

КОНКРЕТНИ ЗАДАЧИ

Врз основа на сознанијата од проценка на потребите која што ќе се спроведе во средните училишта, проектот предвидува ангажирање на експерти кои што ќе се развијат:

  • Да развие прирачник / водич за сајбер безбедност во училиштата. Прирачникот треба да содржи информации за придобивките и негативните страни од користење на интернетот. Водичот треба да ги презентира сите опасности од користење на интернетот како и да утврди начини за правилно и одговорно користење на интернет преку идентификација на добри практитки.
  • Да развие правила за користење на интернетот дома и во училиштата. Да ги преточи правилата во своевиден договор кој ќе го склучат родителите/наставниците и учениците.
  • Водичот треба да биде јасен, читлив, практичен за родителите и децата за да се аплицира или да се бара поддршка од други извори на ниво на училиштата и ниво на заедницата преку системот за упатување.
  • Развивање на трипартитни договори помеѓу училиштата, учениците и родителите со цел да ги прифатат условите за безбедно користење на интернетот, за да се усогласат перцепциите и начинот на управување со ризиците помеѓу младите и возрасните.
  • Трипартитните договори треба да бидат персонализирани и да се договорат условите за да одговaраат на потребите и перцепциите на секоја страна од договорот (ученик, родител и училишен кадар)
  • Да развие јасни насоки и листи за проверка за почитување на правилата за безбедно користење на интернетот дома и во училиштата.

КОМПЕТЕНЦИ

  • Завршено високо образование (пожелни се магистерски и/или докторски студии) во областа на безбедноста, одбраната со акцент на спречување на насилен екстремизам и радикализација или други релевантни области како право, политички науки, социјални науки и сл.
  • Најмалку 3 години искуство во работа на полето на спречување на насилен екстремизам и радикализација
  • Знаење од областа на интернет безбедност (предходно искуство или работа на ова поле ќе се смета за предност)
  • Знаење за трендовите на интернет радикализација
  • Искуство во работа со ученици и/или држење на обуки ќе се смета за предност
  • Добро развиени интерперсонални и вештини за работа во тим
  • Мултикултурни вредности и споспобност за приспособување за работа во мулти-етничка и меѓународна средина
  • Одлично познавање (зборување и пишување) на Англиски јазик, Албански и Турски јазик се предност

III. ОПШТИ ПРАВИЛА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ:

Испратете CV (биографија на апликантот), мотивациско писмо заедно со финансиска понуда (цена по ден) по електронска пошта на crpm@crpm.org.mk  и aleksandar.cekov@crpm.org.mk  со назнака Апликација за Експерт за Е-безбедност до 27.12.2019 година.

Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во текстот на е-поштата да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во збирката за идни вработувања во Центарот за истражување и креирање политики – ЦИКП Скопје или сакате Вашите лични податоци да бидат уништени по истекот на активниот оглас.

Апликациите кои не ги исполнуваат условите од аспект на поседување на соодветно образование, работно искуство нема да бидат земени предвид. За интервју ќе бидат поканети само оние кои комисијата на ЦИКП ќе ги претселектира и стави на кратка листа на најдобри кандидати за позицијата.  ЦИКП е средина која нуди еднакви можности. Лицата од ранливи групи и жени се особено охрабрени да аплицираат.