ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА КОНСУЛТАНТИ ЗА РЕВИДИРАЊЕ НА ПРОГРАМА ЗА ОБУКА ЗА НАСТАВНИЦИ

Share This Post

ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА КОНСУЛТАНТИ ЗА РЕВИДИРАЊЕ НА ПРОГРАМА ЗА ОБУКА ЗА НАСТАВНИЦИ

3 експерти * 3 работни дена

 Во рамките на проектот: „Премин кон превенција: употреба на образованието за спречување на онлајн радикализација помеѓу младите“ (во оригинал: “Passage4prevent: use of education to prevent youth online radicalization”), финансиран од Европската Унија преку програмата Strive for Development.

 Буџетска линија: 5.7.1.1

ОПИС НА РАБОТНИ ЗАДАЧИ

  1. Конкретни задачи

Проектот во претходна фаза разви програма за обука, материјали за обука во согласност со програмата за обука и соработуваше со мисијата на ОБСЕ во Скопје на фузирање на оваа тренинг програмата со програмата за обука на обучувачи/наставници. На основа на фузијата проектот ги предвидува следниве задачи за Консултантите:

  • Да ги прегледаат двете програми и предложената фузија и на основа на нивното знаење, искуство и државната стратегија за справување со радикализација и насилен екстремизам да ја ревидираат тренинг програма за наставници, наставен кадар и вработени во општините и други чинители на локално ниво (верски заедници, регионални совети за превенција, совети на родители и сл.)
  • Да ги предложат развиените тренинг модули заедно со образовната цел на модулот, содржина на модул, нагледните средства, референтна литература до МОН и БРО за усвојување како дел од програмата за обука на наставници
  • Да обезбедат позитивно мислење и објава на програмата за обука на веб страната на БРО
  1. Компетенции
  • Завршено високо образование (преферирани се магистерски и/или докторски студии) во безбедност, психологија, социологија или сродна област
  • Компјутерски вештини  MS Office и Internet
  • Добро развиени интерперсонални и вештини за работа во тим
  • Мултикултурни вредности и споспобност за приспособување за работа во мулти-етничка и меѓународна средина
  • Исксутво во работа во институции како БРО, ДПИ, МОН ќе се смета за предност
  • 5 години искуство во образование, креирање и инспекција на образовни политики, развој на обуки

 

  • Општи правила за аплицирање:

Испратете CV (биографија на апликантот), мотивациско писмо заедно со финансиска понуда (цена по ден) по електронска пошта на crpm@crpm.org.mk  и aleksandar.cekov@crpm.org.mk  со назнака Апликација за експерти/компанија за креирање на е-курсеви до 25.12.2019 година.

Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во текстот на е-поштата да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во збирката за идни вработувања во Центарот за истражување и креирање политики – ЦИКП Скопје или сакате Вашите лични податоци да бидат уништени по истекот на активниот оглас.

Апликациите кои не ги исполнуваат условите од аспект на поседување на соодветно образование, работно искуство нема да бидат земени в предвид. За интервју ќе бидат поканети само оние кои комисијата на ЦИКП ќе ги претселектира и стави на кратка листа на најдобри кандидати за позицијата.

ЦИКП е средина која нуди еднакви можности. Лицата од ранливи групи и жени се особено охрабрени да аплицираат.ЦИКП е средина која нуди еднакви можности. Лицата од ранливи групи и жени се особено охрабрени да аплицираат.

 

More To Explore