Цел: Создавање основа и услови за ефикасно искористување на енергијата на локално ниво преку продлабочено разбирање и соработка помеѓу единиците на локалната самоуправа, бизнис заедницата, јавните чинители и останатите од оваа област;

 

Специфични цели: Подгигање на свеста и разбирањето за енергетската ефикасност и проблемите поврзани со климатските промени преку промоција на најдобрите практики и активности на локално ниво со вклучување на сите релевантни чинители;

 

Активности:

– Aнализа за моменталните потребите – од политки до активности на локално ниво;

– Зајакнување на капацитетите на локланите чинители – обуки и работилници;

– Воспоставување локални платоформи за акција и една регионална платофрма за акција;

– Oрганизирање на регионална конференција во Корча

– Подготовка и организација на регионален саем во Битола

 

Очекувани резултати:

 

  •  Подобрување на капацитетите на опшините Битола, Кичево, Корча и Подградец и останатите локални чинители за прашања поврзани со енергетската ефикасност и соработка во пограничниот регион за слични прашања;

 

  •  Донесување акциски платоформи помеѓу локалните чинители и пограничниот регион;

 

  •  Воспоставување долготраен дијалог помеѓу локалните чинители во однос на мерките енергетската ефикасност и нивна имплементација на локално ниво;

 

  •  Подигање на свеста на локалните чинители за прашања поврзани со мерките поврзани со енергетската ефикаснсот и нивна имплементација на локално ниво;

 

Факти за проектот  

Овој проект е ко-финансиран од Европската Унија во рамки на ИПА проектот за меѓугранична соработка;

Буџет:

EUR 207,558.40,–

Период на имплементација:

13.12.2013-13.06.2015 (18 месеци)

Партнери:

 

Целни групи:

Oпштините во пограничниот регион, бизнис заедницата, медиумите и невладините организации;

Крајни корисници:

Заедниците, пограничните региони од Македонија и Албанија и жителите во овие подрачја;

Контакт:

Марија Ристеска, Извршен директор на ЦИКП | risteska@crpm.org.mk

Златко Симоновски, проектен координатор | simonovski@crpm.org.mk

Eлена Трајковска, локален помошник | elena.trajkovska@gmail.com

 

 

Проектот е финансиран од Европската Унија