ПОЛИТИЧКИТЕ ПРОГРАМИ СЕ ПАРТИСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Share This Post

Создавањето нови партии во Македонија е тренд што може да биде оценет како реакција на општественото непостоење на политичка ситуација во која ќе се понуди нова јавна вредност или ќе се остварат нови општествени цели, смета политичката аналитичарка Марија Ристеска

Во пресрет на изборите, веројатно, сѐ уште малкумина знаат какви се партиските активности на Нова либерална партија, Демократскиот сојуз на Власите или, на пример, на Партијата на правдата. Некои од овие политички организации се стари и со децении, но во јавниот живот како да немаат некои посебни активности, освен што се знае дека се дел од коалициите на ВМРО-ДПМНЕ или на СДСМ.
Ако на страницата на Државната изборна комисија се погледнат конечните резултати од предвремените парламентарни избори во 2011 година, впечатливо е дека двете најголеми политички партии формирале огромни коалиции.

More To Explore