Повик за практиканти

Share This Post

Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП)

објавува

ПОВИК ЗА ПРАКТИКАНТИ

 во рамките на проектот

Промовирање на општествена отчетност на локално ниво

Финансиран од Развојната програма на Обединетите нации (УНДП)

 

Проектот Промовирање на општествена отчетност на локално ниво финансиран од УНДП има за цел да промовира интегритет, квалитет на услугите и намалување на корупцијата на локално ниво преку напредни и иновативни технолошки решенија за учество и зајакнување на граѓаните. Во рамките на овој проект, ќе биде изготвена иновативна софтверска алатка за општествена отчетност, која ќе ја промовираат практиканти во пет општини во Република Македонија: Тетово, Босилово, Илинден, Дебар и Центар. Описот на задачите на практикантите може да го најдете овде. На практикантите за успешно завршените обврски ќе им биде доделен сертификат од општината.

 

Услови кои треба да ги исполнуваат заинтересираните лица за практиканти:

–          Да се студенти или што туку дипломирани на општествени науки или информатички технологии;

–          Да не се постари од 26 години;

–          Да се заинтересирани за темата добро владеење или поточно за концептите на интегритет, транспарентност и отчетност во управувањето на јавниот сектор;

–          Да имаат активно познавање на англискиот јазик;

–          По можност да се жители на некоја од петте општини: Тетово, Босилово, Илинден, Дебар и Центар.

 

Заинтересираните кандидати можат да се пријават најдоцна до 20.08.2014 година, по електронски пат на следнава е-маил адреса: crpm@crpm.org.mk Ќе бидат контактирани само успешните кандидати.

 

Пријавата треба да ги содржи следниве документи:

–          назнака за која општина се пријавува кандидатот

–          кратка биографија на студентот,

–          податоци за контакт и место на живеење и

–          есеј од 300 зборови за важноста на учеството на граѓаните во креирањето на политики и одлучување на локално ниво.

More To Explore