Повик за ангажирање на обучувачи-Завршен

Share This Post

ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ОБУЧУВАЧИ

(3 обучувачи*3 дена*2 обуки)

Во рамките на проектот: „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски инициjативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“ (во оригинал: “Through gender lenses:apprasing budgets and policies; watchdogging local action plans for gender equality implementation ”), финансиран од Европската Унија преку програмата Support to Civil Society Networks and Platforms in the Republic of North Macedonia

Буџетска линија: 5.7.1.1 Trainers

ОПИС НА РАБОТНИ ЗАДАЧИ

  1. КРАТОК ОПИС НА ПРОЕКТОТ

Поттикнување на проактивноста на граѓанското општество преку зајакнување на вмрежувањето, користејќи РОБ методи за соработка со локалната самоуправа и формирање на локални политики и буџети за решавање на различните потреби на жените и мажите, особено на најранливите и маргинализираните групи во 17 целни општини (Делчево, Македонска Каменица, Пробиштип Кавадарци, Неготино, Радовиш, Гевгелија, Струга, Вевчани, Крушево, Кривогаштани, Чаир, Шуто Оризари, Старо Нагоричане, Липково, Брвеница и Теарце). Проектот е синхронизиран и дополнително ќе ги зајакне капацитетите на постојната неформална Мрежа за родово одговорно буџетирање (МРОБ) со проширување на членството со граѓански организации (ГО) од целните општини истовремено застапувајќи ги интересите на руралните жени и мажи, сиромашни жени и мажи, жени и мажи со попреченост, маргинализираните жени и мажи (од етничка, религиозна или сексуална природа) и жени и мажи од ранливите возрасни групи (млади и постари граѓани).

  1. КОНКРЕТНИ ЗАДАЧИ

Една од специфичните цели на проектот е насочена кон градење на капацитетите на 34 ГО за користење на РОБ алатки за проценка на усогласеноста помеѓу политиките и буџетите и потребите на мажите и жените во 17-те општини вклучени во проектот. Градењето на капацитетите ќе се одвива преку 2 претходно разработени тренинг модули и тоа:

  • првиот модул коj што ќе ги вклучува основните концепти за родовата еднаквост, буџетската писменост, алатки за родово-одговорно буџетирање и
  • вториот модул, коj што ќе содржи напредни и специjализирани методи и алатки за родово-одговорно буџетирање вклучуваjќи и алатки за cost-benefit и cost-effectivness анализа.

Градењето на капацитетите на граѓаните и граѓанските организации е во насока на подигнување на капацитетите на локалната заедница за разбирање, анализирање, но и влиjание во процесот на донесување на одлуки на локално ниво. Степенот на вклучувањето на локалните ГО во jавните дебати и буџетски форуми во голем дел зависи од нивните познавања, но и капацитети да развиваат анализи и документи за jавни политики со препораки, па токму преку оваа активност и градењето на капацитетите на локалните ГО ќе се зголеми и унапреди делувањето на мрежата за мониторинг на родово-одговорното буџетирање на локално ниво и тоа во општини каде што ваков вид на активности претходно не биле спроведувани.

За оваа цел, односно за развоj и имплементациjа 2 тренинг модули ќе бидат ангажирани 3 обучувачи, кои што за 3 работни дена ќе треба да спроведат 2 обуки.

  1. КОМПЕТЕНЦИИ
  • Завршено високо образование (пожелни се магистерски и/или докторски студии) во областа на родовите студии или други релевантни области (право, политички науки итн).
  • 5 години работно искуство во развоjот на тренинг модули и/или држење на обуки во полето на родова еднаквост и родово-одговорно буџетирање
  • 3 години менторско искуство за РОБ на граѓански организации
  • Добро развиени интерперсонални и вештини за работа во тим
  • Мултикултурни вредности и способност за приспособување за работа во мулти-етничка и меѓународна средина
  • Одлично познавање (зборување и пишување) на Англиски јазик

III. ОПШТИ ПРАВИЛА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ:

Испратете CV (биографија на апликантот) и мотивациско писмо по електронска пошта на trajanovska@crpm.org.mk  со назнака Апликација за Обучувач за родово-одговорно буџетирање до 15.10.2021  година.

Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во текстот на е-поштата да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во збирката за идни вработувања во Центарот за истражување и креирање политики – ЦИКП  Скопје или сакате Вашите лични податоци да бидат уништени по истекот на активниот оглас.

Апликациите кои не ги исполнуваат условите од аспект на поседување на соодветно образование, работно искуство нема да бидат земени предвид. За интервју ќе бидат поканети само оние кои комисијата на ЦИКП ќе ги пред-селектира и стави на кратка листа на најдобри кандидати за позицијата.

ЦИКП е средина која нуди еднакви можности. Лицата од ранливи групи и жени се особено охрабрени да аплицираат.

More To Explore