ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ЗА ПИШУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТ ЗА ЈАВНИ ПОЛИТИКИ 

Share This Post

ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ЗА ПИШУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТ ЗА ЈАВНИ ПОЛИТИКИ 

(2 експерти*5 работни дена, вкупно 10 работни дена)

Во рамките на проектот: „Премин кон превенција: употреба на образованието за спречување на онлајн радикализација помеѓу младите“ (во оригинал: “Passage4prevent: use of education to prevent youth online radicalization”), финансиран од Европската Унија преку програмата STRIVE.

 Буџетска линија: 5.2.3. Security expert for policy paper (A 3.3)

ОПИС НА РАБОТНИ ЗАДАЧИ

ИНФОРМАЦИИ ЗА ПРОЕКТОТ

Главната цел на проектот е да се изгради дигитална отпорност кон онлајн радикализацијата на младите преку употреба на образованието за превенција. Бидејќи секоја заедница зависи од активното учество на нејзините членови во спречувањето и борбата против насилниот екстремизам, важно е ваквите алатки да бидат достапни за луѓето да бидат активни на интернет. Младите луѓе користат интернет за да разговараат, дебатираат и да искажат несогласување. Градењето вештини и подигање на свеста како да обработуваат и усвојуваат теми и прашања како што се тероризам и екстремизам, ги прави младите и целокупната заедница поотпорни на овие појави.

КОНКРЕТНИ ЗАДАЧИ

Интернетот, особено социјалните медиуми, се користат како канал, не само за промовирање и вклучување, туку и како командна структура. Честопати, оваа промоција го велича насилството, привлекува и влијае на многу луѓе, вклучително и деца и во екстремни случаи ги радикализира. Исто така, друг тренд што се јавува е промовирање на страдања кои предизвикуваат емпатија и персонализација со причината (особено кај жените) што на крајот може да доведе до усвојување на радикално однесување за да се постигнат одредени цели.

Во таа насока, проектот има потреба од експерт за безбедност кој што ќе подготви документ за политика кој што ќе има за цел:

  • Да ја информира владата за ризиците од он-лајн радикализација,
  • Да ги утврди улогите на наставниците, родителите и учениците;
  • Да го опише процесот на радикализација (обука, ескалација) и
  • Да ги опише пристапите и поддршката што секоја група на засегнати страни може да ја даде во справувањето со онлајн- заканите за радикализација
  • Да предложи механизми и модели за одговор на он-лајн радикализацијата со помош на анализа на превземите активности во ЕУ и други земји.
  • Да предложи стратегија за превземање на мерки во образование кои ќе доведат до справување со он-лајн радикализација.

КОМПЕТЕНЦИ

  • Завршено високо образование (пожелни се магистерски и/или докторски студии) во областа на безбедноста со акцент на спречување на насилен екстремизам и радикализација или други релевантни области како право, политички науки, социјални науки и сл.
  • Најмалку 3 години искуство во работа на полето на спречување на насилен екстремизам и радикализација
  • Искуство во креирање на јавни политики
  • Запознаеност од областа на интернет безбедност (предходно искуство или работа на ова поле ќе се смета за предност)
  • Искуство во работа во образовни институции, кои креираат образовна политика во областа безбедност, мировно образование и сл. ќе се смета за предност
  • Добро развиени интерперсонални и вештини за работа во тим
  • Мултикултурни вредности и споспобност за приспособување за работа во мулти-етничка и меѓународна средина
  • Одлично познавање (зборување и пишување) на Англиски јазик

III. ОПШТИ ПРАВИЛА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ:

Испратете CV (биографија на апликантот), мотивациско писмо заедно со финансиска понуда (цена по ден) по електронска пошта на crpm@crpm.org.mk  и aleksandar.cekov@crpm.org.mk  со назнака Апликација за Експерт за Е-безбедност до 31.12.2019 година.

Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во текстот на е-поштата да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во збирката за идни вработувања во Центарот за истражување и креирање политики – ЦИКП Скопје или сакате Вашите лични податоци да бидат уништени по истекот на активниот оглас.

Апликациите кои не ги исполнуваат условите од аспект на поседување на соодветно образование, работно искуство нема да бидат земени предвид. За интервју ќе бидат поканети само оние кои комисијата на ЦИКП ќе ги претселектира и стави на кратка листа на најдобри кандидати за позицијата.

ЦИКП е средина која нуди еднакви можности. Лицата од ранливи групи и жени се особено охрабрени да аплицираат.

More To Explore