[HR_IMAGE_SHOW:TYPE=gallery8:W=520:H=188:SPEED=1:BGCOLOR=#FFFFFF:GAP=5:RANDOM=YES]

Хотел “Милениум Палас“, Битола, 22. Ноември 2007

Хотел “Градче”, Кочани, 13. Ноември 2007

Ресторан “Електра”, Тетово, 25. Октомври 2007

Хотел “Континентал”, Скопје, 24. Октомври 2007

Хотел “Црвен Крст”, Струга, 18. Октомври 2007

 


PROGRAM


Дневен ред

09:30-10:15 Воведни излагања за процесот на креирање политики

Што е јавна политика?

Циклус на креирање политики

Начела за креирање на политики

Правна рамка која го регулира процесот на креирање политики

Вежба

10:15-10:30 Пауза за кафе/чај

10:30-11:15 Методи и техники на креирање на политики

Анализа на состојбите

Европска Интеграција

Проценка на ресурси

11:15-11:45 Вежба (работа во групи – употреба на методи и техники)

11:45-12:00 Пауза

13:00-13:30 Презентација на работата во групи

14:00-14:30 Утврдување на можни решенија / опции

14:30-15:00 Вежба (работа во групи)

15:00-15:30 Презентација на работата во групи

15:30-15:45 Кафе пауза

15:45-16:15 Проценка на влијанија

Финансиски

Институционални/структурни

Економски/Социјални/културни

Еколошки

16:15-16:45 Работа во групи на проценка на влијанија

16.45-17:15 Работа во групи

17:15-18:00 Презентација на работата во групи

18:00-18:15 Заклучување на обуката

 


EVALUATION


Хотел Милениум Палас, Битола, 22. Ноември 2007

Сметам дека обуката е вистинско освежување од аспект на интерактивна работа со учесниците кои се таргетирани сосема соодветно. Предавачите внесоа динамика и нови информации во презентациите. Хотелот и ручекот без никакви забелешки. Се на се многу сум задоволна.

Успешен семинар кој ги тангира тековните проблеми. Предавачите беа јасни и концизни во своите излагања.

Одлична обука. Научив многу работи. Фантастични предавачи. Создадена убава, интересна и впечатлива работна атмосфера. Пет точки за оцена пет за оваа организирана обука. Плус, продолжете со исто темпо, Фала за се.

Сметам дека обуката беше доста успешна, се стекнав со знаења и и искуства со кои ќе ги надоградан постоечките. Предавачите беа супер, организацијата на највисоко ниво и се надевам дека ваквата соработка успешно ќе продолжи и во иднина.

Добро организирана работилница, 5. Место на одржување, 5. Користени технички матријали, 5. Интерактивност, 5. Практично вежби, 5. Предавачи: едуцирани, конпактибилни, 5. Тема за работа, корисна, 5. Ефекти од обуката, корисни за имплементација во општините, 5.

Обуката беше добра и научивме многу нови работи. Предавачите беа одлично во презентирањето. Дискусиите меѓу учесниците и предавачите беа непосредни. Храната беше одлична.

Организацијата на работилницата беше на високо ниво. Темите кои ги работевме беа нови за нас и многу ќе ни користат во локалните едници за креирање на нивната политика. Смештајот на високо ниво, паузите и ручекот одлични. Предавачите го дадоа максимумот за да наидат на разбирање кај нас. Мислење: потребни се и натаму да се организираат други работилници.

Корисна обука, во секој слулај, теми кои наоѓаат примена во ЕЛС. По ова, само можеме да бидеме поуспешни во нашето работење во иднина. Користа од оваа обука ја гледам и во нашето дружење и општо во размена на искуствата. На ниво организирана обука, исто и обучувачите, а тоа се однесува и на претставникот на владата.

Времетраење, локација, број на членови во групата, број на презентации, тем иизбрани за презентирање…многу добро избрано и одмерено. Многу ми се допадна тоа што имаше практични примери во текот на излагањето на предавачите кои ја отсликуваа теоријата, за да не биде сувопарно. Можности за изразување на сопствено мислење, доволно. Можности за учење на нешто ново на интересен начин, доволно

Хотел Сириус, Струмица, 20. Ноември 2007

Креирање политики во ЕЛС е интересна тема, а и добра одржана обука со која се дадени насоки како на кој начин истите треба да се согледаат, избаротат во писмен документ како и спроведат. Се надевам дека истата ќе послужи во спроведувањето на работните цели и активности.

Работилница од овој тип беше потребна за поквалитетно креирање на општинските политики затоа што со процесот на децентрализација се доби можност да се креираат локални политики и е потребно овие процеси да се спроведат квалитетно. Опфатени беа квалитетни теми во текот на обуката.

Задоволни сме од денешната работилница на тема “Креирање политики во ЕЛС” во рамките на Нормак проектот. Презентацијата од страна на стручниот тим беше на високо ниво. Стекнатото искуство ќе го примениме во секојдневната работа.

Тренери-5, Интеракција-5, Вежби-4, Услови за работа-4, Ручек-5

Работилницата беше корисна од аспект на креирање на локалните политики во ЕЛС, чекор кој што е неопходно потребен за приближување на нашето законодавство кон законодавството на ЕУ.

Работилницата ја оценувам како успешна. Презентерите на интересен начин ја доловија суштината на темите и го задржаа интересот на присутните.

Денешната работилница ја оценувам доста успешно, бидејќи научивме како се креира политика во општината. Добро е да се одржуваат повеќе вакви работилници. Предавачите беа доста добри и добро си ја познаваат работата.

Ефектот од обуката е максимален. Условите за работа одлични. Предавачите одлични. Добра е идејата за озготвување на прирачник на политики за општините.

Хотел “Градче, Кочани”, 13. Ноември 2007

Евалуација на обуката

1.Локација одлична, услови добри, ручек супер, предавачи какви што сакаме да посакаме, можеби треба во два ден за да се разработи подетално од страна на учесниците

2. Работилницата од аспект на организираноста ја оценувам успешно. Презентацијата е извршена од страна на презентерите максимално професионално и сеопфатно и доста сликовито. Условите во кои беше изведена работилницата се беспрекорни. Работилницата е продуктивна и сметам дека ќе наиде на примена во мојата општина.

3. Обуката за креирање на политики беше доста успешна и корисна иако не се однесуваше на креирање политики во општината туку за влада. Обуката во еден ден опфати доста обемен матријал. Предавачите беа одлични. Воспоставија интерактивен однос со слушателите и успеаа целосно да го задржат вниманието на слушателите до крајот на обуката. Организацијата на обуката беше на ниво.

4. Организација и презентација на темите одлична. Сигурно оваа средба многу ќе придонесе во подобрување и усовршување на успешноста во работењето.

5. Предавачи-5, содржина- 4, организација на времето-4, локација-5, техничка организација-5. Препорака: Да продолжите со организација на ваков вид на семинари со побогата и повизуелна содржина.

6.Семинарот беше добро организиран, предавачите исцрпни и стручни (сите тројца) и би било пожелно пак да се организира ваква обука на некоја друга тема, на пример: Односот на централната власт спрема локалната власт или процес на аплицирање и сл.

7. Предавањата од денешната обука се доста корисни во понатамошната работа на државните службеници. Предавањата и објаснувањата од страна на предавачите се оценети со оцена 5. Коментар во врска со предавањата немем, од причина што се проследени со објаснувања и презентации. Сместувањето е добро и задоволително.

8. Презентацијата беше многу професионално организирана од страна на предавачите и беше многу интерактивна со учество на сите во дискусија на темите. Одлично искуство.

Ресторан “Електра”, Тетово, 25. Октомври 2007

Програмата на работилницата е во ред. Делот за презентација на материјалот беше доволен. Бежбите беа интересни, односно обработените теми кои се од значаен интерес на општеството ( согледување на пропусти на системот). Организација добра.

Организација добра. Сместување добро. Предавањето е добро но можеби примерите кои беа работени требаше да бидат конкретно од надлежностите на локалната самоуправа.

Предавачи 4, матријал 4, корист од областа 4, просторија 4, комуникација со предавачи 4, применливост во пракса 4, нови знаења 4.

Успешна презентација од страна на предавачи со оцена 5.

Обуката беше доста добра. Предавачите исцрпно ни ги презентираа сите теми, со што се стекнавме со корисни информации околу креирањето на политиката во единисите на локалната самоуправа. Оцена за предавачите-5. Оцена за локацијата и целокупната организација-5. Оценка за техничката презентација-5.

Хотел “Континентал”, Скопје, 24. Октомври 2007

Задоволен сум од предавањето и предавачите. Потребно е два дена со оглед на обемната материја а и повеќе практилни примери.

Обуката беше многу корисна затоа што ќе ни помогне многу во креирањето на јавните политики и во институциите каде што работиме.

Бидејќи е ова прво вакво предавање на оваа тема, претставува зачеток и почнување на нешто ново- креирање на политиката во локалната самоуправа. Сметам дека предавачите како млади и доста едуцирани од ова област со доста примери од секојдневниот живот. Предавањата беа добри со разновидни теми, малку теориски малку пректични.

Организацијата на семинарот беше добра. Предавачите солидно ги пренесоа своите знаења. Учеството на учесниците беше многу слабо. Изборот на темите на семинарот беа добри.

Хотел “Црвен Крст”, Струга, 18. Октомври 2007

Добро организирана работилница со доволно матријали.

Предавањето и агендата беа соодветни на темата со доволен осврт на праксата

Јадење и реализација ОК!

Обуката за креирање на политики помина во очекуваните цели, се е добро и задоволни сме од предавачите и од нивната презентација

Обуката беше корисна. Се дообјаснија термините, постапките и процесите на креирање политики

Обуката доволно ги објасни техниките и методите на креирање политикиж

Беше дадена солидна презенмтација на опциите и проценките на влијание, како и просецот на следење и оценување на политиките

Би било добро во овој проект да се опфатат што поголем број административни работници и советници за да се подигне нивото на познавање на проектниот менаџмент и креирање политики.

Би било добро да има што поконкретни примери земајќи предвид дека општините имаат ограничени ресурси, а буџетот се реализира со 50-60%.

Обуката ја оценувам за успешна

Презентацијата на темите одлична

Исткуствата стекнати од работилницата корисни и можни за примена во секојдневната работа на ЕЛС.

Условите за одвивање на работилницата беа одлични

Без никакви други забелешки

Добро организирана работилница.

Предавачите имаат познавање за областа односно за темата на разработка

Соработката да трае и во иднина

Добро е да има компарација со учесници од други средини