Обука за градење на капацитетите на ГОи во областа на РОБ

Share This Post

Денеска започнавме со првата од предвидените две обуки за градење на капацитетите во областа на родово одговорното буџетирање. Овие обуки се наменети за локалните граѓански организации кои се регистрирани или ги имплементираат своите активности на територија на следниве општини:

  • Скопски регион: Чаир и Шуто Оризари
  • Полошки регион: Брвеница и Теарце
  • Вардарски регион: Кавадарци и Неготино
  • Североисточен регион: Старо Нагоричане и Липково
  • Источен регион: Делчево, Македонска Каменица и Пробиштип
  • Југоисточен регион: Радовиш и Гевгелија
  • Југозападен регион: Струга и Вевчани
  • Пелагониски регион: Крушево и Кривогаштани

Обуката е составена од два модула, основна обука за родовите концепти и значењето на родово одговорното буџетирање и напредна обука за специjализираните методи и алатки за родово-одговорно буџетирање вклучуваjќи и алатки за cost-benefit и cost-effectivness анализа. Со овие обуки ќе бидат обучени околу 40 локални граѓански организации, а во основните делови на обуката ќе бидат обучени и претставниците од единиците на локалната самоуправа за значењето и спроведувањето на родово одговорното буџетирање на локално ниво.

Градењето на капацитетите на граѓанските организации е во насока на подигнување на капацитетите на локалната заедница за разбирање, анализирање, но и влиjание во процесот на донесување на одлуки на локално ниво. Степенот на вклучувањето на локалните ГОи во jавните дебати и буџетски форуми во голем дел зависи од нивните познавања, но и капацитети да развиваат анализи и документи за jавни политики со препораки, па токму преку оваа активност и градењето на капацитетите на локалните ГОи ќе се зголеми и унапреди делувањето на мрежата за мониторинг на родово-одговорното буџетирање на локално ниво и тоа во општини каде што ваков вид на активности претходно не биле спроведувани.

По успешното завршување на обуката, граѓанските организации ќе добијат можност за грантирање и изработка на локални извештаи со менторска поддршка од членките на Мрежата за родово одговорно буџетирање.

Обуките се одржуваат во рамки на проектот „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски инициjативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“  кој е финансиран од Европската Унија.

More To Explore