КАКО ДО ЕФИКАСНО ВКЛУЧУВАЊЕ? Водич за вклучување во процесот на креирање јавни политики за енергетска ефикасност

Share This Post

Граѓанските oрганизации со нов водич за подобра соработката со чинителите во поглед на унапредување на енергетската ефикасност

Граѓанските организации од Македонија кои сакаат да делуваат во сферата на енергетиката, eнергетската ефикасност и заштитата на животната средина, од денеска па натаму имаат водич како да го сторат тоа. Во рамки на проектите „Зајакнување на улогата на невладините организации во рамки на собранискиот дијалог за ублажување на климатските промени и енергетска ефикасност“ (финансиран од Германското друштво за меѓународна соработка – Отворен регионален фонд за енргетска ефикасност) и „Зајакнување на улогата на невладините организации во јавниот дијалог за заштита од климатските промени во ЈИЕ„ (финансиран Германската агенција за животна средина) се изготви водич во кој на јасен начин се објаснуваат сите чекори кои треба да се превземат од страна на граѓанските организации, но и засегнатите чинители, со цел реализација на одржливи проекти од полето на енергетската ефикасност. ЦИКП даде значителен придонес при изработката на водичот преку неколку практични примери од своето искуство поврзани со енергетската ефикасност и одржливото користење на енергијата. Повеќе информации можете да најдете во самиот водич, прикачен тука.

 

 

КАКО ДО ЕФИКАСНО ВКЛУЧУВАЊЕ?
КАКО ДО ЕФИКАСНО ВКЛУЧУВАЊЕ?
Водич за вклучување во процесот на креирање јавни политики за енергетска ефикасност

Download File, MK

More To Explore