1. ЛОТОС  – отчетност, транспарентност и одговорност на локално ниво

2. Индекс на добро управување во Македонија

3. (MIPEX) Индекс на политики за интеграција на мигранти

4. Индикатори за развој (Indicators4development)

5. Индекс на скриена економија во Македонија

6. Внатре-партиска демократија

 

 


1. ЛОТОС  – ОТЧЕТНОСТ, ТРАНСПАРЕНТНОСТ И ОДГОВОРНОСТ НА ЛОКАЛНО НИВО


 

  • Oпис на рамката:

Следење на примената на практиките за добро управување, како и на механизмите за борба против корупција  на локално ниво.  

Специфични цели: Градење капацитети за следење на антикоруптивни практики на локално ниво; генерирање на податоци и анализи во областа на антикорупцијата на општинско ниво, преку водење на систематски преглед на механизми за транспарентност и одговорност на ниво на локална самоуправа; подигање на свеста за практиките за следење и спречување на корупцијата и доброто владеење на локално ниво.

  • Индикаторите се групирани во 4 димензии на добро управување:

 

    1. Локална транспарентноста
    2. Учество
    3. Одговорност
    4. Отчетност и ефикасност на локалната администрација

 

  • Вкупен број на индикатори:  74

 

  • Извештај од истражувањето: Студија за локална отчетност транспарентност и одговорност ЛОТОС 2014

, ,

  • Препораки за општините: 

 

  • Дополнителни материјали: 

–        Листа со индикатори

–        Резултати од истражувањето

–        Инфографици

–        Активности

–        Лотос во медиумите

 


2. ИНДЕКС НА ДОБРО УПРАВУВАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА


 

  •  Опис на рамката

За потребите на ова истражување, принципите на добро управување (транспарентност, отчетност, пресретливост, партиципативност и ефикасност) беа операционализирани преку вкупно 133 индикатори, групирани во 8 категории на добро управување. Понатаму, при дефинирање на индикаторите беше користена релевантна литература од областа на добро управување, искуства од спроведени истражувања во регионот и искуствата на проектниот тим на ЦИКП во дизајнирање на методологија за ваков вид на истражувања, како и искуствата и научените лекции од ЛОТОС истражувањето, каде што се мереше доброто управување на локално ниво. Посебно внимание беше посветено на адаптирањето на индикаторите на социо – политичкиот контекст во чии рамки функционираат односите меѓу институциите на власта и граѓаните.

Истражувањето беше спроведено во период мај – септември 2015 година, на примерок од вкупно 19 институции на централно ниво и тоа: Влада на Република Македонија, 15 министерства, Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗО), Фондот за Пензиско и инвалидско осигурување на Македонија (ПИОМ) и Собранието на Република Македонија.

 

Табела 2

Преглед на индикатори

Категорија

Број на бодови по категорија

Број на индикатори

Број на индикатори кои се бодуваат

Број на индикатори кои не се бодуваат

1. Информирање на јавноста и обезбедување на пристап до информации

36

35

30

3

2. Буџетска транспарентност и отчетност

14

29

22

7

3. Вклучување на јавноста во политичко одлучување

10

12

10

2

4. Спремност за ПВР

4

5

4

1

5. Следење на прописи и известување

8

8

8

0

6. Управување со судир на интереси

5

9

5

5

7. Отвореност на Собранието

21

22

17

5

8. Парламентарен надзор

10

13

9

4

ВКУПНО

108

133

105

28

 

  • Извештај од истражувањето:
INDEX OF GOOD GOVERNANCE IN MACEDONIA 2014
Outcomes from research on good governance

,

    • Резултати од истражувањето
    • Анекс: Листа на индикатори

 

  • Документи за јавни политики

OPEN GOVERNMENT MAPPING REPORT 

ASSISTING MEDIA DEMOCRATIZATION AFTER LOW-INTENSITY CONFLICT:
THE CASE OF MACEDONIA

INSTITUTIONAL TRANSPARENCY: AVAILABILITY OF INFORMATION

, ,

 

  • Индекс на добро управување во медиумите:

, , , ,

 

 


3. (MIPEX) ИНДЕКС НА ПОЛИТИКИ ЗА ИНТЕГРАЦИЈА НА МИГРАНТИ


 

  • Опис на рамката

Индексот на политики за интеграција на мигранти е уникатна алатка која што ги мери политиките за интеграција на мигранти во сите земји – членки на Европската унија, Австралија, Канада, Исланд, Јапонија, Јужна Кореја, Нов Зеланд, Норвешка, Швајцарија, Турција и САД.

За таа цел беа развиени 167 индикатори за да креираат богата, мултидимензионална слика за можностите на  мигрантите да учествуваат во општеството. Индексот е корисна алатка за евалуација и споредба на она што владите го прават за промоција на интеграцијата на мигрантите во сите земји кои што се вклучени во анализата.

Благодарејќи на релевантноста и ригорозноста на индикаторите, МИПЕХ се препознава како вообичаен брз референтен водич низ Европа.

Надоградувајќи се на сопствениот  успех, МИПЕХ проектот влегува во четвртото издание со нов сет на политики и дополнителни индикатори

  • Како се добива оценка според МИПЕХ?

167 индикатори 8 области на јавни политики 3 опции

 

  • Резултатите за Македонија и останатите земји

 

4. ИНДИКАТОРИ ЗА РАЗВОЈ (INDICATORS 4 DEVELOPMENT)

 

  • Опис на рамката

D4D го отпочна овој проект пред пет години со развивање на индикатори за Косово при што беа развиени 500 индикатори за тој период. Оваа иницијатива беше надоградена со развивање на индикатори за земјите од регионот . Идејатата е преку овие индикатори да се поттикне натпревар меѓу земјите во регионот што би вршеле притисок на владите за побрзи и посуштествени реформи.

Платформата е поделена во категории, групи со индикатори и индикатори.

Има четири категории:

  1. Економија,
  2. Владеење,
  3. Владеење на правото и безбедност и
  4. Општествен развој

Секоја од овие категории има групи со индикатори (на пр. цени, оддржливост, правосуден систем), а потоа во рамки на секоја од овие групи постојат специфични индикатори (номинален БДП, индекс за граѓански сектор, итн)

Проблеми кои се адресираат со индексот: Недостаток на регионални статистички податоци, Недоволен ангажман на граѓанското општество поради ндостапност на регионални податоци, недоволна отчетност од институциите,

 

  


5. ИНДЕКС НА СКРИЕНА ЕКОНОМИЈА ВО МАКЕДОНИЈА


 

1. Обем на скриената економија – овој индекс ги обединува субјективните перцепции на сопствениците на бизнисите и извршните директори во однос на обемот на скриената економија во земјата во целина, и во рамки на нивниот сектор на економска активност. Тука се вклучени два подиндекса:

1.1. субјективна проценка на уделот на скриената економија во земјата во целина;

1.2. субјективна проценка на уделот на скриената економија во нивниот сектор на економска активност.

 

2. Скриени работни односи – во кои се отсликува практиката на ангажирање лица без формални договори, или со договори во кои не е наведен вистинскиот паричен надоместок. Содржи два подиндекса:

2.1. удел на работници без договор во односниот сектор;

2.2.удел на работници со договори со „скриени клаузули“ во односниот сектор (плати во плик).

 

3. Скриен обрт – го опфаќа степенот на присуство на различни начини за прикривање на обртот во односниот сектор на економска активност. Во индексот се содржани следниве подиндекси:

3.1 неиздавање потврди за извршена продажба во односниот сектор;

3.2 прикажување приходи пониски од вистинските во односниот сектор;

3.3 прикажување на заработка пониска од вистинската во односниот сектор;

3.4 незаконски увоз/извоз во односниот сектор.

 

4. Скриена прераспределба– се однесува на деловната практика на криење/неуплаќање даноци, давачки, и/или акциза, како и измами со ДДВ преку сметководствени трикови. Сочинета е од два индекса:

а. Криење/неуплаќање даноци, давачки и акцизи во односниот сектор;

б. Измами со ДДВ во односниот сектор.

 

  • Извештаи од истражувањето и документи за јавни политики
HUNTING THE SHADOWS – TAX EVASION DYNAMICS IN MACEDONIA

,

HIT AND MISS – THE DYNAMICS OF UNDECLARED LABOR IN MACEDONIA

,

THE ECONOMICS OF BLURS AND SHADOWS – THE HIDDEN ECONOMY IN MACEDONIA

,

 

 

 


6.  ВНАТРЕ-ПАРТИСКА ДЕМОКРАТИЈА


 

  • Опис на рамката

 

Во отсуство на универзална дефиниција за внатре-партиска демократија, оваа анализа се фокуси на суштествените инструментални елементи на внатре партиската демократија во Македонија. Следејќи го пристапот кој што прави разлика помеѓу трите лица на партијата, беше истражувано:

  • Партијата на терен
  • Партијата во централните институции
  • Партијата во јавните институции

 

 

Скалата на внатре-партиска демократија е оценета користејќи ги следниве седум димензии:

 

  1. Права на членовите (толеранција на партиски фракции, директно учество на членовите во директно одлучување и избори, во избор на процедури
  2. Односите помеѓу партијата и парламентарната група
  3. Прерогативи на претседателот на партијата
  4. Хоризонтална структура на партија
  5. Автономија на локалните партиски ограноци
  6. Автономијата на локалните партиски ограноци за време на избори
  7. Надлежности и процедура за избор на партиски лидер
  8. Номинирање на кандидати за јавни функции и избирачки листи

 

 

  • Извештај од истражувањето и листа со индикатори:
ANALYSIS OF INTERNAL PARTY DEMOCRACY IN MACEDONIA

, ,