Известување за почеток на процесот за подготовка на третиот национален акциски план за отворено владино партнерство 2016-2018

Share This Post

Скопје, 2 Февруари 2016 година

Почитувани претставници на организации на граѓанското општество,

Ве известуваме дека започна процесот на подготовка на третиот национален Акциски план за Отворено владино партнерство 2016-2018.

Во насока на навремено информирање на засегнатите страни, на следниот линк можете да ја најдете Временската рамка за изготвување на Акцискиот план за отворено владино партнерство 2016-2018.

Во рамките на активностите за подготовка на Акцискиот план, Ве покануваме да пополните краток прашалник кој има за цел да ја испита информираноста на граѓанските организации за глобалната иницијатива Отворено владино партнерство (ОВП) и нивната заинтересираност за учество во процесот на креирање на третиот национален Aкциски план за Отворено владино партнерство 2016-2018.

Би Ви биле исклучително благодарни доколку одвоите време да одговорите на прашалникот најдоцна до среда 17-ти февруари.

Marija Risteska, PhD

CRPM

cell:0038970533992

phone:0038923109932

risteska@crpm.org.mk

More To Explore