Зошто „бомбите“ не го качија рејтингот на СДСМ?

Share This Post

Драматичните поместувања на политичката сцена од почетокот на годината се’ уште не ја одлепуваат опозицијата од статус кво позицијата на листите на популарноста

Тешко се топи предноста на ВМРО-ДПМНЕ во однос на нејзините најголеми политички противници, кои, иако ја раздвижија политичката сцена оваа година, не успеваат да се придвижат позначително на листите на популарноста.

Рејтингот на опозицискиот СДСМ стои во место во последните повеќе од 12 месеци, и покрај драматичните поместувања што се случија на политичката сцена во овој период, потресувајќи ги темелите на долгогодишната владејачка гарнитура. Последната анкета на ИРИ, спроведена во октомври, а објавена минатата недела, покажува сооднос два спрема еден во прилог на ВМРО-ДПМНЕ, иако кај владејачката партија може да се забележи одреден надолен тренд ако се анализираат процентите од минатата година досега…

More To Explore