Е-настан во рамки на проектот – Премин кон превенција: употребата на образованието во спречување на онлајн радикализација кај младите

Share This Post

Започнавме со спроведување на е-сајбер деновите за подигање на свеста кај средношколците за безбедно користење на интернетот и паметните уреди (сајбер безбедност) и градење на отпорност од онлајн радикализација (онлајн). Ученици од Велес вчера во голем број (околу 150-тина) и со огромна мотивираност учествуваат во активностите во рамки на овој настан кој што вклучува:

📌 интерактивен квиз за запознавање со основните концепти на сајбер безбедност и оналајн радикализација;
📌обука на гореспоменатите теми;
📌дискусија со ученицте преку која тие имаа можност да ги споделат своите искуства од користењето на интернетот, но и споделат како се справуваат со безбедносните предизвици при секојдневното користење на интернетот; и
📌потпишување на „домашен договор кој што има за цел да го регулира користењето на интернетот и паментните уреди во домот 

Виртуелно сме во средните училишта територија на Град Скопје. Сигурни сме дека и овде младите ќе бидат задоволни од наученото преку интересните и интерактивни предавања на нашите обучувачки Сара и Тамара.
Продолжуваме во Тетово, Куманово, Штип и Гостивар.

Оваа активност е во рамките на проектот „Премин кон превенција: употребата на образованието во спречување на онлајн радикализација кај младите“ – подржан од ЕУ преку ХЕДАЈА програмата.

More To Explore