Енергетската ефикасност во пограничниот регион

Share This Post

 

Македонска делегација во посета на Поградец во соседна Албанија. Невладините од двете земји заедно со владини тела, бизнис секторот и медиумите на маса ја ставија проблематиката за енергетската ефикасност. Треба да се гледа како придобивка, вредност која во Европа е високо на нивната агенда. На ова претходеа истражувања за тоа каква е состојбата на теренот.

„Владата дава субвенции, но за субвенциите е искористен принципот на лотарија, кој според граѓаните е најверојатно недоволен, бидејќи според резултатите, само околу 5 отсто кичевчани и битолчани имаат искористен сончев колектор, за дел од нив веројатно на своја рака го инсталирале, што значи има огромен потенцијал којшто за жал е неискористен, за искористување на овој механизам, бидејќи да не заборавиме во Македонија повеќе од 280 денови се сончеви”, вели Златко Симоновски од невладината организација ЦИКП.

 

 

Битола и Кичево се градовите од македонска страна. И двете општини имаа работено на вакви проекти, односно почнале да штедат.

„Ќе има голема заштеда бидејќи електричната енергија, мал процент се одделува од загубите на ЕЛЕМ –РЕК БИТОЛА,а голем бенефит ке има градот со топлотната енергија преку топлински изменувач до граѓаните” вели Валентино Јанакиевски од Општина Битола.

 

 

„Меѓутоа далеку од тоа дека сме задоволни од постигнатото, енергетската ефикасност е поле каде што има голем потенцијал за реализација на многу успешни проекти, но главен проблем во нивната реализација се ограничените финансиски ресурси со кои располага општината”, вели Тино Алексов од Општина Кичево.

 

 

Од албанската страна се Поградец и Корча. За разлика од нашите општини, таму таа тема досега не добила поголема практична примена.

„На почеток го осветлуваме градот, а со новиот буџет ќе бидат реализирани и нови мерки за поголема енергетска ефикасност” рече Дритан Хамзалари од Општина Поградец.

 

 

Централната влада во Тирана не давала субвенции оти тоа било работа на општините тие да обезбедувале средства за енергетска ефикасност. Но, општините велат дека барем засега немале такви пари, но дека ќе проектираат во нивните буџети.

“Македонија е чекор пред Албанија, има на пример, инспекции, локални власти, регулатива за енергетска ефикасност. Албанија можеби треба да ги има предвид добрите примери, да ја исполни регулативата , а многу значајна е и свесноста и информираноста” вели Ерион Тасе од Академијата за политички студии.

 

 

Оваа невладина и македонскиот Центарот за истражување и креаирање политики, како партнери на проектот ќе помогнат на прекуграничните општини Битола и Кичево од македонска и Поградец и Корча од албанска страна во размена на искуства и стекнување нови знаења.

„Дел од активностите се поврзани со градење на капацитетите на сите овие чинители, на креирање на јавни политики, на локално ниво во областа на енергетската ефикасност, но во исто време подигање на свесноста кај граѓаните за начините како може да ја зголемат енергетската ефикасност, и секкао зголемување на размена на искуства”, вели Марија Ристеска директор на невладината ЦИКП.

 

 

Во идниот период ќе обучуваат луѓе, ќе ја подигнуваат свеста кај јавноста, ќе изработат неколку студии и ќе организираат саем за енергетска ефикасност во Битола.

TERA TV

More To Explore