Влијанието на ковид-19 врз земјоделството и родова анализа

xsxsa

Share This Post

Од почетокот на здравствено-економската криза, Центарот за истражување и креирање политики го следи влијанието на мерките донесени од страна на Владата на Република С. Македонија, а со цел намалување на диспропорционалното влијание врз одредени маргинализирани и ранливи групи и надминување на економските последици предизвикани од пандемија на ковид-19.
Дополнително, врз основа на спроведените истражувања од страна на тимот на ЦИКП, се дефинираат и предлог-мерки за периодот кој следува по пандемијата.
Во соработка со Националната федерација на фармерите (НФФ), организација која го обединува работењето на земјоделците, семејните земјоделски стопанства, земјоделските здруженија, земјоделските задруги, ЦИКП спроведе истражување за влијанието на ковид-19 врз земјоделците, со посебен фокус на младите и жените.

До студијата може да се пристапи тука.

More To Explore