Ви го претставуваме второто СМАРТ СТАРТ социјално претпријатие „Виножито“

Share This Post

Ви го претставуваме второто СМАРТ СТАРТ социјално претпријатие „Виножито“ кое започна со работа пред само 7 дена. Општествената цел на претпријатието е да ги врати во формалниот сектор жените од регионот на Радовиш кои подолго време се исклучени од пазарот на труд. Тие веќе нанижаа 1,5 тони пиперка. „Виножито„ пиперките по сушењето ќе ги пакува, брендира и дистрибуира по маркети низ земјата. Од следната седмица ќе започнат и со нижење на сортата пиперка наречена „Хоргош“ од која подоцна ќе подготвуваат првокласен и органски буковец. Наскоро побарајте и купете производи на социјалното претпријатие „Виножито“ во вашиот маркет затоа што на тој начин овозможувате социјално вклучување на руралната жена од Радовиш!

More To Explore