ШТО Е ПОТРЕБНО ДА ОПФАЌА/РЕГУЛИРА КРИВИЧНИОТ ЗАКОНИК?

0
134

Во моментов Кривичниот законик го криминализира САМО силувањето како посебно кривично дело.

Бараме криминализирање на СИТЕ форми на насилство врз жените со што сторителите ќе сносат кривична одговорност за вршење на:
👉 Психичко насилство
👉 Демнење
👉 Физичко насилство
👉 Сексуално насилство и силување
👉 Присилни бракови
👉 Женско генитално осакатување
👉 Присилен абортус и присилна стерилизација
👉 Сексуално вознемирување

Оваа активност се спроведува во рамките на проектот „Застапување и дијалог на експертско ниво со владата и парламентот за измена на постоечкото законодавство во областа на родово базирано насилство и дискриминација“, кој се спроведува во партнерство со UN Women Skopje, а е финансиски поддржан од Европската Унија. Проектот го спроведува Центарот за истражување и креирање политики низ партнерство со Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.