Четврто издание на WikiGap уредувачки маратон (15.11.2021)

0
78

Центарот за истражување и креирање политики и овој пат со поддршка на WikiGap 2021. Оваа година Embassy of Sweden in Skopje заедно со канцеларијата на UN Women Skopje и Споделено Знаење / Shared Knowledge (Википедија на македонски јазик), во партнерство со НВОи од областа на граѓанскиот и женскиот активизам, од областа на заштитата на животната средина, независни експерти и академската сфера на 15-ти ноември ќе го организира 4-то издание на WikiGap – edit-a-thon или уредувачки маратон, како и уредувачката недела, во чии рамки се внесуваат содржини за познати и значајни жени на македонската Википедија.

Оваа година фокусот е ставен на значајни жени од Македонија и од светот кои придонесле и/или сé уште придонесуваат на полето на заштитата на животната средина, борбата со климатските промени и заштитата на биоразновидноста.

Вашата поддршка на настанот може да дојде во вид на:

– сугестија на содржини: кои жени сметате дека би било вредно да бидат опфатени во уредувачкиот маратон;
– самите да учествувате на настанот и внесете преводни или авторски содржини;
– да ја проследите информацијата и повикот за учество во вашите членови и вашата мрежа со цел да анимираме волонтери кои би внесувале содржини.

Сите предлози или интерес за учество во активностите, можете да ги испратите на jana.gjorgjinska@gov.se