ЦИКП СЕ ПРИКЛУЧИ КОН ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА 104 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА МИЛТОН ФРИДМАН

0
1261

Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) и овој 29-ти јули учествуваше во одбележувањето на „Денот на заветот на Фридман“, светски ден во чест на Милтон Фридман – американски економист, статистичар, математичар и добитник на Нобеловата награда во 1976 за економија и достигнувања на полето на анализа на потрошувачката, монетарната историја и теорија за демонстрација на комплексноста на стаблизационата политика. ЦИКП денот го започна со делење честитки на ул. Македонија во центарот на Скопје пришто што ги запознавме случајните минувачи со неговите дела и заложби, особено во поглед на правото на избор на образование и неговите економски погледи и сфаќања. Попладнето следеше главниот дел од одбележувањето, т.е. предавањата на Катерина Шапкова од Правниот факултет – Скопје и Владимир Петковски од Економскиот институт од Скопје. Шапкова ги запозна присутните гости со заложбите на Милтон и Pоуз Фридман во поглед на слободата при избор на образование за учениците во САД. Шапкова нагласи дека успешноста на оваа идеја се гледа во самиот факт што  прерасна во движење со 61 програма за избор на училиште кои функционираат на ниво на 30 сојузни држави, како и во Федералниот округ Колумбија. Од друга страна пак, Петковски се фокусираше на неговите еконoмски идеи и замисли, пришто ги нагласи оние кои се однесуваат на либералната компонента, т.е. потребата од намалување на ингеренциите на државата во економскиот живот (фискална политика) и нeгативната даночна стапка. По ова следеше дискусија помеѓу присутните, а настанот заврши со неформално дружење кога се пресече и роденденската торта со ликот на Милтон Фридман.

 


 

CRPM JOINED THE CELEBRATION OF 104 YEARS SINCE THE BIRTH OF MILTON FRIEDMAN

The Center for Research and Policy Making (CRPM) on 29th of July 2016 participated in the global celebration of the Friedman Legacy Day. CRPM staff started the day with hand outing birthday cards at Makedonija St. in the downtown of Skopje when we familiarized the passers-by with Friedman’s activities and commitments, especially in regards to the right of choice in education and its economic views and standing points. In the afternoon, the main part of the celebration took place. This year’s lectures, Katerina Shapkova from the Faculty of Law – Skopje and Vladimir Petkovski from the Economic Institute in Skopje, delivered remarkable presentations. Shapkova introduced the guests on Milton and Rose Friedman’s efforts in regards to the school choice for US pupils. Shapkova stressed that the success of this idea is reflected in the fact that this commitment transformed into a movement with 61 school choice programs operating in 30 states and the District of Columbia. On the other hand, Petkovski during his presentation, focused on Friedman’s economic ideas and views; special highlight was given to the ideas concerning the liberal component, i.e. the need to reduce the powers of the state and its interference in economic life (fiscal policy) and negative tax rate. Thе event was concluded with discussion between the audience and informal gathering when we cut the birthday cake.