ЦИКП: Постои простор за подобрување на принципите на добро управување во институциите

0
1015

Скопје, 22. декември 2015 (ОХРИДПРЕС) – Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) во период мај – септември 2015 година спроведе истражување во чии рамки беше мерено колку институциите на централно ниво ги применуваат практиките за добро управување.

Беа опфатени вкупно 19 институции. Резултатите на институциите потоа беа комбинирани со перцепцијата на граѓаните добиени од теренска анкета на репрезентативен примерок од 1101 граѓанин, со што беше креиран Индексот на добро управување во Македонија…