ЦИКП започнува со спроведување на проектот „Прилагодување на индустриските односи кон новите облици на работа“

0
153

Центарот за истражување и креирање политики го збогатува своето програмско портфолио „пазар на труд“. Во соработка со Институтот за јавна политика (Романија), Центарот за економски развој (Бугарија), Истражувачкиот институт за труд и социјални работи (Република Чешка), Институтот за јавни работи (Полска) и Институтот за развој и меѓународни односи (Хрватска) започнуваме со спроведување на нов проект под наслов „Прилагодување на индустриските односи кон новите облици на работа“. Целта на проектот е да се мапираат нови облици на работа, подобрување на стручноста на социјалните партнери во решавањето на новите барања на работниците и работодавачите кои произлегуваат од овие облици, размена на искуства околу дигиталната економија, како и подигнување на свеста за правата и придобивките на работниците и работодавачите oд новите облици на работа.

Kако главни активности се предвидени: анализа на индустриските односи во Република Македонија и правната рамка, документирање на податоци значајни за начините на уредување на работните односи видовите договори постојат кои се применуваат при воспоставувањето на работен однос, спроведување на интервјуа со приватни компании и фокусни групи со засегнатите страни, а сето тоа ќе биде „спакувано“во национална студија, а сите заедно, ќе бидат објавени во една публикација. Вебинарот со експерт од Германија пак ќе овозможи да се продлабочи знаењето на стручните служби од областа на пазарот на труд, работодавачите, коморите и синдикатите за тоа како да се препознаат и решат предизвиците кои нè очекуваат од новите облици на работа поттикнати од неминовната дигитализација.

Следете нè. Со повеќе информации во периодот кој следи.

CRPM starts with the implementation of the project “The Adaptation of Industrial Relations towards the New Forms of Work”

The Center for Research and Policy Making extends its “Labor Market” program portfolio. In cooperation with the Institute for Public Policy (Romania), the Center for Economic Development (Bulgaria), the Research Institute for Labor and Social Affairs (Czech Republic), the Institute for Public Affairs (Poland) and the Institute for Development and International Relations (Croatia) we commence a new project titled “The adaptation of industrial relations towards new forms of work”. The aim of the project is to map new forms of work, improve the expertise of the social partners in resolving the new demands of workers and employers arising from these forms, exchange of experiences about the digital economy, as well as raising the awareness on the rights and benefits of workers and employers of new forms of work.

The main foreseen activities are: analysis of the industrial relations in the Republic of Macedonia and the legal framework, documentation of data relevant to the ways of regulating the labor relations, the types of contracts that are applied in establishing employment relationship, conducting interviews with private companies and focus groups with stakeholders; all of which will be “packaged” in a national study, and all together in a single publication. The webinar with an expert from Germany will enable extending the knowledge for experts in the field of the labor market, employers, chambers and trade unions on how to recognize and solve the challenges that we should expect from the new forms of work provoked by the inevitable digitization.

Follow us. With more information in the following period.