ЦИКП достави коментари по однос на Страгегија за интеграција на бегалци и странци и Национален Акциски План за период 2017- 2027

0
929
ЦИКП ја разгледа Стратегијата и НАП за интеграција на бегалци и странци за периодот 2017-2027. Документите се во работна верзија и се отворени за дискусија, па проценивме дека можеме да понудиме неколку предлози, сугестии и забелешки имајќи го искуството со прашања и проекти поврзани на оваа тема, пред сé со проектот Migrant Integration Policy Index (МIPEX).
Накусо, нашите предлози се однесуваат на:
  • Обезбедување здравствена заштита за овие лица, како и проценка на буџетските повлекувања од ова. Минимум здравствени услови и услуги за оваа категорија лица се од исклучителна важност како во поглед на нивното здравјето и безбедноста, така и во поглед наопштото здравје и услови за сите граѓани на РМ;
  • Да се предвиди психо-социјална помош за бегалците и мигрантите која истовремено би била насочена кон поткрепа од траумите од кризните подрачја, но и нивелирање на очекувањата на бегалците и мигрантите од една страна и македонските општествените вредности од друга;
  • Во евентуалните станбени единици, право на домување да немаат единствено беглаците и мигрнатите, туку и ранливи и социјални категории – граѓани и жители на РМ со цел кохабитација, делење на заеднички простор и размена на културни и општествени вредности. Во поглед на домувањето, стартите и дотраени објекти најпрвин треба да послужат за задоволување на потребите на месното население, а дури потоа тие да бидат разгледувани како можност за прифаќање ваков вид лица. Во процесот на преговори со ЕУ, РМ да настојува да добие што поголем дел од финансиската помош за ова прашање со цел да се сведат на минимум буџетските повлекувања за оваа намена.
  • Постапката на нострификација на дипломите за оваа категорија лица да биде ист како онаа која се применува и за граѓаните на РМ;
  • Ревидирање на одредбата „ да се отстранат барањата за доставување на лични документи од земјата на потекло“ со цел нејзино јасно применување во исклучителни околности и по претходна контрола и проверка на надлежните органи за (Управата за безбедност и МВР со останатите служби од земјите низ кои транзитирало лицето и службата од државата на раѓање). Постои опасност од злоупотреба на оваа клаузула доколку остане широка за интерпретација, а која може да се надоврзе на клаузулата за семејно обединување. Потребно е и дополнително и јасно прецизирање на одредбата „Да се отстранат правните пречки кои го одложуваат семејното обединување за поддршка на процесот на интеграција“.
Накусо, ова се дел од главните предлози кои ЦИКП ги достави до надлежното Министерство за труд и социјална политика.
Истовремено, сакаме да се заблагодариме до тимот на министерството за инкулзивната соработка и размена на мислења и ставови по однос на овие два документа.
Срдечен поздрав,
тимот на ЦИКП