ЦИКП го проширува своето портфолио за енергетска ефикасност – започнува нов регионален проект

0
1142

Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) продолжува со работа на полето на енергетската ефикаснсот. Овој пат во рамки на третиот по ред регионален проект од оваа област, финансиран од Германското друштво за меѓународна соработка – Отворен регионален фонд за енергетска ефикаснсот и Фондацијата за животна средина на Сојузна Република Германија, ЦИКП заедно со останатите школи од мрежата за политички студии при Советот на Европа, ќе ги зајакнат капацитетите на дел од невладините организациипо однос на енергетската ефикаснсот и климатските промени, но и ќе помогнат во интензивирањето на комуникацијата и соработката со собраниските тела и пратениците надлежни за овие прашања. Како продолжение на Иницијативатаза јавен дијалог, на почетниот состанок кој се одржа од 9-10 Септември во Скопје беше утврден календарот за работа, а беа разменети идеи и сугестии околу пристапот до релевантни невладини организации, но и модалитетите за тоа како да се поттикнат пратениците на соработка со нив. За време на проектот се предвидува да се одржат две работилници на кои невладините организации ќе бидат запознати со главните прашања поврзани со енергетската ефикасност, одржливото користење на енергијата и сосотјбата со климатските промени, а како завршница се предвидува работен состанок со членовите на собраниската комисија за економски прашања на која ќе се развие дискусија и дебата за тоа кaде моментално се наоѓа Македонија и што е потребно за да се подобри енергетското портфолио на нашата земја.


 

CRPM EXTENDS ITS ENERGY EFFICIENCY PORTFOLIO – NEW REGIONAL PROJECT BEGINS

 

The Center for Research and Policy Making (CRPM) continues to extend its work in the field of energy efficiency. This time in the frames of the third regional project from this domain, funded by the Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit – ORF EE and the German Federal Environmental Foundation, CRPM together with the rest of the partners of Council of Europe’s Network of Schools of Political Studies will strengthen the NGOs’ capacities in regards to the energy efficiency and climate change mitigation, but will also assist in intensifying the communication and collaboration with national MPs and respective parliamentarian bodies. As a continuation of the Public Dialogue Initiative, at the kick –off meeting held on 9-10 September in Skopje, the working agenda was set, whereas ideas and views were exchanged related to the modalities in approaching appropriate NGOs as well as ways how to boost national MPs to cooperate with them. During the implementation of the project, two workshops devoted to national NGOs will be organized on topics related to energy efficiency, sustainable use of energy and the state of climate change; as a concluding activity a parliamentary hearing is foreseen at which a debate will be develop in terms of the current stand of Macedonia and the issues which are necessary to improve the republic’s energy portfolio.