Финализирање на ЛОТОС истражувањето: Резултатите од првата систематска ревизија на транспаретност на локално ниво во Македонија – НАСКОРО!

0
764

ЛОТОС истражувањето кое што се спроведува во рамки на проектот „Размена на најдобрите ЕУ практики во следење на антикоруптивни мерки на локално ниво“ влегува во финалната фаза. Во оваа фаза, во тек се обуките за локалните истражувачи за пондерирање на резултатите од истражувањето и изготвување на извештајот од истражувањето.

Претходно, на секоја од општините им беа испратени нивните првични резултати од истражувањето, и им беше даден рок за потенцијални приговори од нивна страна. Во овој рок, доколку сметаат дека некој од индикаторите го имаат исполнето, општините се должни да испратат метеријален доказ со кој што ќе го поткрепат ова нивно тврдење. После овој рок, резултатите ќе бидат конечни.

Методологијата за пондерирање на резултатите беше дискутирана и утврдена за време на престојот на експертот за методологија од Хрватска – г-ѓа Нивес Миошиќ Лисјак. На дводневната работилница која што се одржа на 23-25 февруари 2015 год. во Скопје, проектниот тим на ЦИКП кој што работи на проектот со г-ѓа Миошиќ Лисјак меѓудругото разговараа и за текот на истражувањето, фокусирајќи се притоа на предизвиците кои што изникнаа при истражувањето во различните фази  и нивно надминување во идните истражувања од ваков вид.

Извештајот, во кој што ќе бидат претставени резултите кои што 43те општини од Македонија ги имаат остварено врз основа на исполнувањето на 74 индикатори, распределени во 4 димензии, се очекува да биде завршен при крајот на месец април годинава и истиот ќе биде презентиран на Меѓународна конференција која што се се одржи од 28-30 Април 2015 во Охрид. На конференцијата се очекува да присуствуваат, претставници од општините во Република Македонија, на кои што ќе им се обратат еминентни личности од земјава и странство, како и експерти од областа на траспаретноста на локално ниво.

 

 

 

 

FINALIZATION OF LOTOS RESEARCH: THE RESULTS FROM THE FIRST SYSTEMATIC REVIEW OF TRANSPARENCY ON LOCAL LEVEL IN MACEDONIA – SOON!

The LOTOS research which is conducted within the frames of the project “Exchange of EU best practices in monitoring anti-corruption on local level” enters the final phase. In this phase, currently take place trainings for the local researchers on pondering of the research results and preparing the research report

Previously, the draft results from the research were sent to each of the municipalities, giving them a deadline within which they can send back comments on the results, and in case they disagree with some of the results, the municipalities were asked to provide evidences as to corroborate such claims. After the deadline, the results will be final.

The methodology for weighing the results was discussed and developed during the visit of the expert on methodology from Croatia – Mrs. Nives Miosic Lisjak. On the two day workshop which was held from 23-25 february 2015 in Skopje, the project team of CRPM working on this project and Mrs. Miosic Lisjak have inter alia discussed the process of the research, focusing on the challenges that emerged during the research, in different phases, as well as their overcoming in the future similar endeavors.

The report, in which the results of 43 municipalities that are part of the research will be presented on a basis of fulfilling 74 indicators grouped into 4 dimensions, is expected to be completed at the end of April this year, and it will be presented at the International conference which is to be held from 28-30 April 2015 in Ohrid. It is expected the conference to attend representatives from all municipalities to attend, along with eminent persons from the country and abroad, as well as experts on transparency on local level.