THIRD WEEKEND SESSION AT THE SPP “MOTHER THERESA”

0
1032

From 1-3 April 2016, in Dojran, the third weekend session at the School of Public Policy “Mother Theresa” was held. During the three-day event, attendees were acquainted with in depth knowledge on several topics, especially on the policies related to multiculturalism in Europe and Macedonia, gender equality, current refugee crisis, freedom of expression and consensual democracy.

During the first day, the students participated in a quiz and tested their knowledge on topics related to politics, history, sports, culture and the other themes. After it, the first lecture followed; it was delivered by the researcher from the Center for Research and Policy – Aleksandar Cekov. After the screening of the short film entitled “Sulejma” which participated in three international movie festivals, in animated manner and through the prism of a Syrian women who supports the side of the Syrian opposition, the current civil war in Syria was presented. This triggered discussion about the situation related to gender equality in the Middle East and Macedonia, as well as on the ways to reach real and sustainable gender balance in all social spheres.

The second day was opened with a lecture by Daniel Stojanovski from the Parliamentary Institute in the framework of the Macedonian Sobranie. During the lecture titled “Multiculturalism and migration: economic trends”, Stojanovski presented the students with the Western European countries’ benefits of accepting and integrating migrants in their countries. Additionally, a discussion followed about the eventual acceptance of refugees in Macedonia and its impact on national economic trends. After the break, there was a testing among the students who were also required to write an essay on the topic ” How education can help bridge the social divide and become an asset for our diverse democracies?”. It is actually the main topic to be discussed at this year’s Forum for Democracy in Strasbourg, France. The second day was wrapped up with the presentation by Tome Shekerdziev, National officer for Rule of Law at the OSCE mission in Macedonia. Shekerdziev familiarized the students with the current situation in Macedonia and Europe on freedom of expression, the risks posed by hate speech and differences between libel, slander, hate speech, etc.

The last day of the third weekend session was opened by prof. Stojan Slaveski from the European University. With the theme “Multiculturalism in Macedonia: historical roots, current state and perspectives”, а historical aspect was given on the mutual cohabitation among the different ethnic groups in Macedonia, as well as on the possibility of Euro-Atlantic process to become a platform for sustainable understanding and cooperation among all communities and minorities in Macedonia. Тhe last lecture was delivered by Bashkim Bakiu from the Institute for Good Governance. Besides the theoretical models of power sharing and inclusion of communities, Bakiu focused on good practices from Europe, whereas the students discussed on their applicability in the context of the Macedonia. This lecture concluded the third weekend session. The fourth and the last one is planned for late May or early June.

   


   

ТРЕТА ВИКЕНД СЕСИЈА НА ШЈП „МАЈКА ТЕРЕЗА“

   

Од 1-3 април 2016, во Дојран, се одржа третата викенд сесија при Школата за јавни политики „Мајка Тереза“. За време на тридневниот настан, слушателите добија продлабочени знаења за неколку теми, особено околу политиките поврзани со мултикултурализмот во Европа и Македонија, родовата еднаквост, тековната бегалска криза, слободата на изразување и консензуалната демократија.

За време на првиот ден, слушателите учествуваа во квиз, каде поделени во групи, се натпреваруваа во знаењето за теми од областа на политиката, историјата, спортот, културата и слично. Веднаш по ова, следеше првото предавање на истражувачот од Центарот за истражување и креирање политики – Александар Цеков. Со презентацијата на кусиот филм под наслов „Сулејма“ (кој има учевствувано на три меѓународни фестивали), на анимиран начин се претстави актуелната граѓанска војна во Сирија преку призмата на една Сиријка која ја подржува страната на сириската опозиција. По ова, Цеков повика на дискусија околу состојбите поврзани со родовата еднаквост на Блискиот исток, но и во РМ, како и начините како да се достигне вистинска и одржлива родова рамнотежа во сите општествени сфери.

Вториот ден беше отворен со предавањето на Даниел Стојановски од Парламентарниот институт при Собранието на РМ. За време на предавањето насловено „Мултикултурализмот и миграциите: економски движења“, Стојановски ги запозна слушателите со придобивките на западно-европските земји од прифаќањето и интеграцијата на мигрантите во нивните земји. Дополнително, се разви дискусија и околу тоа како евентуалното прифаќање на бегалци во РМ ќе се одрази врз економските текови во земјава. По паузата, следеше тестирање на слушателите, а беа задолжени да напишат и есеј на темата „ Како образованието може да помогне во премостување на општествената поделеност и да постане предност во разноликите демократии?“ што всушност претставува и главна тема за која ќе се дискутира на овогодинешниот Светски форм за демократија во Стразбург, Франција.

Вториот ден беше затворен со излагањето на Томе Шекерџиев, национален офицер за владеење на правото при мисијата на ОБСЕ во РМ. Шекерџиев ги запозна слушателите со сосојбата во РМ и Европа околу слободата на изразувањето, ризиците кои ги носи говорот на омраза како и разликите помеѓу клевета, навреда, говор на омраза и сл.

Последниот ден од третата викенд сесија го отвори проф. Стојан Славески од Европскиот Универзитет. Со темата „Мултикултурализмот во Македонија: историски корени, сегашна состојба и перспективи“, беше опфатен историскиот аспект на различностите во земјава и нивната меѓусебна кохабитација, како и за мoжноста, евроинтегративниот процес да обезбеди платформа за одржливо разбирање и соработка помеѓу сите заедници и малцинства во Македонија. Последното предваање го оддржа Башким Бакиу од Институтот за добро владеење. Бакиу, совен со теоретските модели на поделба на власта и вклучување на заедниците во системот, се осврна и на добри практики од Европа, а слушателите дискутираа по однос на нивната применливост во контекст на РМ. Со ова заврши третата викенд сесија, а четвртата и воедно последна сесија, се планира кон крајот на месец Мај, односно почетокот на Јуни.

      


Фото Албум