СРЕДНОШКОЛЦИТЕ И ПРИРОДНИТЕ НАУКИ : АНАЛИЗА НА СТАВОВИТЕ И ПЕРЦЕПЦИИТЕ ОД РОДОВ АСПЕКТ

0
898

Родова сегрегација на професиите – повод за анализата

Родовата нееднаквост на пазарот на трудот, честопати се поврзува со различните професии кои жените и мажите ги избираат и извршуваат. Додека жените се насочуваат повеќе кон професиите поврзани со грижа и услуги, мажите се позастапени во техничките професии. Имајќи предвид дека вреднувањето на двете групи професии е различно, тоа придонесува кон нееднаквост на платите помеѓу мажите и жените и ја засилува генералната нееднаквост на жените во општеството.

Квалитетното образование во природните и техничките науки е важно за поддршка на женската улога како корисник и иноватор на технологиите, а воедно и како истражувач, научник и технолог. Ниската застапеност е проблематична не само од аспект на нивните права, туку и од економска гледна точка. Во ера кога економскиот раст често се поврзува со капацитетот на државата за иновации, придонесот на жените е особено важен. Жените придонесуваат кон разноликоста на истражувањата и тимовите за развој, носат нови ставови кои ја поттикнуваат креативноста и продуцираат квалитетни резултати.

Истражувањата потврдуваат дека значаен фактор за родовата сегрегација на занимањата се стереотипите за „машки“ и „женски“ професии и „машки“ и „женски“ способности, кои се развиваат уште од најраната возраст преку родовата социјализација. Тие честопати влијаат на перцепцијата на девојчињата за себе и креирањето на неповолна слика за своите способности по математика и природни науки. Поради тоа, како еден од начините за надминување на родовиот јаз во техничките професии, се препорачува „разбивање“ на традиционалните стереотипи и развивање на позитивна слика за своите способности во периодот на школувањето…

СРЕДНОШКОЛЦИТЕ И ПРИРОДНИТЕ НАУКИ : АНАЛИЗА НА СТАВОВИТЕ И ПЕРЦЕПЦИИТЕ ОД РОДОВ АСПЕКТ

Инфографици тука: http://www.crpm.org.mk/?p=18464