Спасување на демократијата во Македонија: Што да се прави после скандалот со прислушувањето?

0
853

Вовед

Од февруари 2015, Македонија се наоѓа во комплицирана и специфична политичка ситуација, откако лидерот на опозициската СДСМ Зоран Заев започна да објавува компилации на нелегално снимени телефонски разговори. Обвинувањата против премиерот Никола Груевски и директорот на службата за разузнавање (УБК) Сашо Мијалков, се дека тие, во изминатите неколку години, тајно и нелегално прислушкувале околу 20 000 граѓани, вклучително и новинари, опозициски лидери, бизнимени, граѓански активисти, членови на академската заедница, верски лидери, членови на правосудните органи и други истакнати интелектуалци. Според опозицискиот лидер, снимките откриваат директно влијание врз судството, вклучително и случаи на повлекување на кривични пријави против министри, именување на партиски лојални судии, влијание врз медиумите, селективни обвиненија кон политичките противници, масовни изборни злоупотреби во изминатите изборни циклуси преку фиктивни гласачи, користење лажни лични карти, поткупување на гласачи, регистрирање до 50 гласачи на невалидни адреси со инструкции да гласаат за владејачката партија, заплашување на државни службеници со отказ, кражба на избирачки материјали, злоупотреба на полицијата и јавната администрација за партиската агенда и притисок врз фирми и поединци…