Социјалното претпријатие Хуманост и Adora Engineering / Адора Инженеринг Скопје ја остварија првата менторска средба во рамки на проектот Смарт Старт #smartstart4u

0
30

Прва менторска средба на едно од десетте први социјални претпријатија. Сашко Јованов, програмски директор на Хуманост оствари средба со генералниот директорот на Adora Engineering / Адора Инженеринг Скопје проф. д-р. Ванчо Чифлиганец, како и со Нина Кепеска и Соња Маџовска, вработени во одделот за односи со јавноста и маркетинг. На средбата се разговараше за тоа како ќе тече менторската поддршка на Хуманост од страна на Adora Engineering / Адора Инженеринг Скопје, како и календарот на взаемни средби и состаноци. Начелно беше договорена и заедничка посета на домот за нега на стари лица кој го гради Адора инженеринг во населбата Илинден со цел размена на мислења и идеи за тоа како треба да изгледа еден модерен и комфорен дом за оваа намена. Инаку „Адора инженеринг“ се закити си признанието „Добар бренд“ бидејќи се реши несебично да го поддржи проектот „Смарт Старт“, додека пак „Хуманост“ во рамки на истоимениот проект доби start up грант со цел да отпочне социјално дејност, во нивниот случај поврзана со грижа и нега на стари лица.