Слабата пресретливост на општинската администрација-предизвик за ЛОТОС

0
995

 08.07.2014

Општинската администрација генерално не одговара на дописи доставени преку електронска пошта. Ова е првичниот впечаток од досегашното спроведување на истражувачките активности од ЛОТОС, (Студија за локална транспарентна и отчетна самоуправа) во чии рамки од мај годинава Центарот за истражување и креирање политики, заедно со уште 6 проектни партнери ја испитува отвореноста и отчетноста на 43 општини во Македонија.

Во Скопскиот плански регион, каде што истражувањето го врши проектниот тим на ЦИКП,  од вкупно 12 општини до кои што преку електронска пошта уредно им беше испратен допис за соработка и анкетен прашалник, ниту една од општините не го достави анкетниот прашалник во дадениот рок. Ова несомнено  ја доведува во прашање фунцијата на единиците на локалната самоуправа како сервис на граѓаните.

 Сепак, посетата на општините и ситуацијата на терен во голема мера го подобрува ваквиот впечаток. Општинската администрација во најголем дел се покажа како пресретлива и љубезна што ја објаснува главно позитивната перцепцијата на граѓаните за работата на единиците на локалната самоуправа. Мора да се истакне и дека после теренските посети, пресретливост на општините значително се подобрува,  со што се интензивира и соработката помеѓу проектниот тим на ЦИКП и единиците на локалната самоуправа во рамките овој проект.

Дополнителен предизвик за истражувањето претставува и фунционалноста на службените веб страни на некои од општините. Од дванаесетте општини од Скопскиот плански регион опфатени со истражувањето, кај една од општините беше забележано дека службената веб страна е во изработка повеќе од 2 месеци, додека три општински веб страни  се со ограничена функционалност, поради недостапноста на услугите на некој од линковите.

 Инаку, ЛОТОС истражувањето е дел од проектот „Размена на најдобри ЕУ практики за следење на антикоруптивни мерки на локално ниво“ чија што главна цел е намалување на антикорупцијата на локално ниво. Проектот е финансиран од страна на Европската комисија во траење од 18 месеци, а ќе заврши во јуни 2015.

 

Овој проект е финансиран од Европската Унија

   

 

 


08.07.2014

The low responsiveness of the municipal administration – challenge for LOTOS

 

The municipal administration slowly responds to the emails. This is the first impression from the so far implementation of the research activities in the frames of LOTOS (Study for local open and transparent self-government), in which framework the Center for Research and Policy Making starting from May this year, together with 6 project partners has been examining the transparency and accountability of the local governments in 43 municipalities in Macedonia

In the Skopje plan region, where the research is conducted by the CRPM’s project team, out of 12 municipalities to which emails were sent containing a questionnaire, none of them responded to the email within the specified deadline. This undoubtedly questions the function of the local government as a citizen’s service.

Nevertheless, during the field research in the municipalities, this impression was to great extent improved. The municipal administration was generally responsive and polite, which explains citizens’ positive perceptions of their work. It should be also noted that, after visiting municipalities, their responsivness significantly increased and the cooperativeness between the CRPM project team and the local self-government units on this project.

Additional challenge to the research is the functionality of the municipal official web pages. Out of 12 municipalities in the Skopje plan region, 1 municipal web page has been under construction for almost 2 months, whilst 3 municipal web pages have unfunctional links.

The LOTOS research is part of the project “Exchange of EU best practices in monitoring anticorruption on local level”, which general objective is to reduce corruption at local level. The project is funded by the European Commission and it will end in June 2015.