РОКОТ ЗА ДОСТАВУВАЊЕ АПЛИКАЦИИ ЗА НАТПРЕВАРОТ ЗА СОЦИЈАЛНИ ИНОВАЦИИ SIC IMPACT. 2 круг СЕ ПРОДОЛЖУВА ДО 6-ти МАЈ

0
371

РОКОТ ЗА ДОСТАВУВАЊЕ АПЛИКАЦИИ ЗА НАТПРЕВАРОТ ЗА СОЦИЈАЛНИ ИНОВАЦИИ SIC IMPACT. 2 круг СЕ ПРОДОЛЖУВА ДО 6-ти МАЈ

 

ШТО?

Проектот „Смарт старт“ го објавува вториот по ред повик за иновативни идеи кои соодветствуваат со Цел 1 и Цел 2 од проектот:

  • Поддршка на иновативни идеи од граѓанските организации (ГО), а со тоа и долгорочно зајакнување на финансиската одржливост на избраните ГО;

но најважно

  • Промоција на иновативен и претприемачки начин на делување на ГО;

ОСВОИТЕ 3.500,00 €

ЗА ВАШАТА ПРЕТПРИЕМАЧКА ИДЕЈА

ПОГЛЕДНЕТЕ КАКО ПОДОЛУ 

 Повикот е продолжен до 6-ти мај 2018 година !

 

КОИ ИДЕИ?

Проектот „Смарт старт“ бара претприемачки иновации во производството, заштита на животната средина, технологии, услуги и модели кои може да придонесат кон решавање на општествените проблеми на локално или национално ниво.

Иновациите може да се однесуваат на било кој аспект од следново, но нема строго ограничивање за останати идеи:

  • образование и стекнување вештини;
  • вработување и претприемништво;
  • заштита на животната средина;
  • создавање нови технологии или предлози за паметно користење на постоечките технологии за општествена корист;
  • генерирање нови решенија или пристапи за општествени промени во поглед на иднината;

KOJ (НЕ)МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА?  

Oвој повик е отворен за:

  • Граѓанските орагнзиации
  • Неформални групи на граѓани во рамки на ГО
  • Индивидуалци кои соработуваат со ГО

Важно: Грантот може да се додели само на ГО како правно лице. Грантот не може да се додели на лична сметка на индивидуалци или иницијативи. 

Кој не може да аплицира?

  • ГО кои се веќе дел од програмата „Смарт старт“
  • Индивидиуалци (физички лица)
  • Неформални мрежи

 

КАКО ДА СЕ АПЛИЦИРА?

ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА АПЛИКАЦИЈАТА ОВДЕ  

Апликацијата се поднесува на македонски јазик

ПРОЦЕС НА СЕЛЕКЦИЈА ….

Од мигот кога ќе се затвори повикот, проектот „Смарт старт“ ќе ги испрати преку:

  • Прва фаза: Комисии за избор ќе бидат основани во секоја држава и ќе изберат по 5 полуфиналисти за секоја држава. Потоа, овие 25 полуфиналисти ќе ја минат втората фаза.
  • Втора фаза: 10 дена ќе биде отворено онлајн гласање со што ќе се одреди по 1 победник за секоја држава.

„Смарт старт“ ќе ги промовира избраните 25 идеи преку веб страница (главна алатка за гласање), службената Фејсбук страница, Инстаграм и Твитер профил, при што секој глас ќе се бодува согласно процедурите кои ги има одредено „Смарт старт“. Петте прогласени победници ќе бидат наградени!

ВАЖНО:

Доколку не се пријави потенцијално влијание врз Комисијата (судир на интереси), ќе бидат отстранети или апликацијата или членот на комисијата.

Во случај да се користат било какви алатки за собирање онлајн гласови, идејата / апликантот автоматски ќе биде дисквалификуван. Строго е забрането да се користат алатки како што се ботови, автоматски генератори на лајкови и сл.

Повеќе детали за партнерите и за самиот проект тука.