Развој на функционални медиумски институции во Македонија

0
831

Промоција на кратка анализа

Хотел Турена, Скопје, 7 Ноември, 2013

 

Центарот за истражување и креирање политики (ЦРПМ/ Center for Research and Policy Making) во соработка со Center for Social Research Analitika од Босна и Херцеговина,  Albanian Media Institute, од Албанија и Democracy for Development од Косово го спроведе проектот „Development of Functional Media Institutions in Western Balkans – A Comparative Study“ подржан од Regional Research Promotion Programme (РРПП) in the Western Balkans/Регионалната програма за поддршка на истражувања во Западен Балкан.  РРПП е насочена кон зајакнување на истражувачките капацитети и унапредување на состојбите и политиките во областa на истражувањата во општествените науки во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Србија и Македонија. Со програмата управува Универзитетот Фрибург од Швајцарија, со финансиска поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка. Во Македонија програмата ја спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија. Во рамките на проектот ЦРПМ подготви студија за состојбата во медиумскиот сектор во однос на помошта добиена од меѓународни институции, организации и влади со наслов: Assisting Media Democratization after Low-Intensity Conflict: The Case of Macedonia која беше промовирана на регионалната конференција одржана во Сараево “Between Sustainability and Dependence: 20 Years of International Media Assistance in the Western Balkans,” на 27 септември, 2013 година. Во рамките на проектот ЦРПМ подготви и една кратка анализа со наслов Развој на функционални медиумски институции во Македонија која во една сумарна верзија ги потенцира главните аспекти на развојот на медиумскиот сектор од независноста до денес сврзани со меѓународната помош на овој сектор.

 

За да се регистрирате за оваа   промоција пратете електронска пошта на crpm@crpm.org.mk   или може да ни се јавите на (+ 389) 2 3 109 932. Заради ограничениот број на   места, сите заинтересирани треба да го потврдат своето присуство пред   настанот.

 

Промоцијата ќе се одржи во Хотел Турена, Скопје,

адреса: Славејко Арсов 2/24-б

телефон: (02) 3177 259, телефон 2: (071) 209032

локација: кај Француска и Англиска Амбасада

web: http://www.turena.com.mk

 

 

Програма на промоцијата


РАЗВОЈ НА ФУНКЦИОНАЛНИ МЕДИУМСКИ ИНСТИТУЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА

 

7ми Ноември, 2013

 

17:30 – 18:00

REGISTRATION & WELCOME COFFE

 

18:00 – 18:30

ВОВЕД

Поздравно обраќање, Жидас Даскаловски, Центар за истражување и креирање политики

Поздравно обраќање, Славица Инџевска Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ)/ Регионалната програма за поддршка на истражувањата во Западен Балкан  

 

18:30 – 19:00

РАЗВОЈ НА ФУНКЦИОНАЛНИ МЕДИУМСКИ ИНСТИТУЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА

Преставување на кратката анализа (Жидас Даскаловски, Центар за истражување и креирање политики

 

19:00 – 19:30

ДИСКУСИЈА

 

19:30 – 20:30

 

КОКТЕЛ

 

20:30 – 20:45

ЗАВРШЕТОК НА ПРОМОЦИЈАТА