РАБОТИЛНИЦА ЗА ПИШУВАЊЕ СТАВ ВО РАМКИ НА 22-ТО СЕДМИЧНО ПРЕДАВАЊЕ НА ШЈП „МАЈКА ТЕРЕЗА“

0
853

На вчерашното предавање, слушателите од ШЈП „Мајка Тереза“ беа запознати со основните новинарски жанрови како што се фактографија, белетристика и аналитика, но пред сѐ, акцент беше ставен на чекорите за пишување став во весник. Освен, главните елементи кои треба да ги содржи еден став, како што се наслов, глава на ставот, главен дел и заклучок, слушателите се запознаа и со трите видови став – полемички, аналитички и хумористичен. Со цел да се примени стекнатото знаење во пракса, слушателите за време на предавањето подготвија свои ставови кои беа поврзани со последните случувања околу протестите пред Уставниот суд на РМ. Ставовите се однесуваа на различни аспекти, а дел од нив беа прочитани на глас и соодветно анализирани во поглед на структурата и аргументацијата. Работилницата наиде на одличен прием кај слушателите, а тимот на ШЈП „Мајка Тереза“ за следниот период подготвува слични активности.

 


 

  

WORKSHOP ON WRITING EDITORIAL WITHIN THE 22ND WEEKLY LECTURE AT THE SPP “MOTHER TERESA”

At yesterday’s lecture, the students from SPP “Mother Teresa” were introduced to the basic journalistic genres such as fact-graphical, belletristic and analytical, but above all, an emphasis was given on the steps about writing editorial in newspaper. Alongside with explanation on the main elements of an editorial such as title, introduction, main part and conclusion, the students were familiarized with the three types of editorial – polemical, analytical and humorous. In order to apply the acquired knowledge into the practice, the attendees wrote editorials that were related to the recent protests in front the Macedonian Constitutional Court. The editorials touched upon different aspects, whereas some of them were read and duly analyzed in terms of structure and argumentation. The workshop was positively receipted by the students, whereas the SPP “Mother Teresa” team is preparing similar actions for the upcoming lectures.