Промоција на родово буџетски иницијативи во 10 општини во Македонија

0
920

Во 10 општини во Македонија 13 организации се здружија во неформалната мрежа Чувар(к)и на јавно ќесе и со помош на родово одговорни буџетски алатки анализираа како се трошат јавните пари на локално ниво и даваат препораки како преку буџетот да се унапреди родовата рамноправност.Во присуство на претставници од Министерството за труд и социјална политика, Собранието на РМ и службеници од неколку општини, беа претставени 15-те родово-одговорни анализи на општинските буџети на Аеродром,  Битола, Боговиње, Град Скопје, Ѓорче Петров, Маврово-Ростуше, Свети Николе, Струмица, Тетово и Штип. Анализите беа изготвени од страна на неформалната мрежа „Чувар(к)и на јавно ќесе“ кој претходно беа обучени за подготовка на ваков вид анализи.  Анализите се подготвени во четири тематски области и тоа социјална заштита, семејно насилство, образование и вработување.  Главна цел на анализите е да им се посочи на локалните самоуправи за постоењето на специфичните потреби и проблеми на жените и мажите, можните решенија и колку би чинеле истите. По ова, се очекува општините да почнат поинтензивно да го применуваат родовиот принцип при подготовката на програмите и општинските буџети, а со тоа и да ги прилагодат локалните политики по мерка на жените и мажите.  Чувар(к)ите потпишаа и меморандум за соработка во иднина. За родово-одговорните буџетски анализи повеќе