ПРОЕКТ ЗА ГРАДЕЊЕ И ЗАЈАКНУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА ВО ОБЛАСТА НА ЕДНАКВИТЕ МОЖНОСТИ И НЕДИСКРИМИНАЦИЈА

0
770

Центарот за истражување и креирање политики со поддршка на Град Скопје спроведува проект за градење и зајакнување на капацитетите на локалната самоуправа во областа на еднаквите можности и недискриминација. Активностите предвидени во овој проект вклучуваат спроведување обуки и донесување прирачник за воведување на пристапот на еднакви можности во рамките на локалната власт. Притоа, во извршувањето на своите функции,  локалната власт ќе биде обучена и подготвена  да се насочи кон промовирање на еднаквите можности помеѓу жените и мажите и кон елиминација на дискриминацијата и злоставувањето врз основа на пол.

Со оглед на тоа што во 2013 година Советот на Град Скопје доби нови членови, а со тоа и Комисијата за еднакви можности има нов состав, проектот главно се фокусира на градење на капацитетите на членовите на Комисијата за еднакви можности, но и останати заинтересирани лица од Советот и градската администрација за унапредување на родовата еднаквост и родовата интеграција преку зголемување на знаењето и праксата на администрацијата на Град Скопје. Ова е во согласност со акциониот план на Стратегијата за родова еднаквост на Градот кој предвидува обуки за родова еднаквост на администрацијата со што би се овозможило подигнување на свеста на локалната власт и свесно вклучување и разбирање на родовиот аспект во креирањето локални политки и буџетирање.