Претставник на ЦИКП и македонски пратеници во посета на германскиот Бундестаг за прибирање искуство во застапување на политиките поврзани со заштита на животната средина и урбанта мобилност

0
356

Од 6-9 јуни оваа годинапретставник на Центарот за истражување и креирање политики, придружуван од пратениците Лилјана Затуроска, Маја Морачанин и Хари Локвенец, присуствуваа во Берлин при што беа примени во германскиот Бундестаг и Бундесрат. Целта на ова студиско патување беше собирање искуство и знаење за тоа како германските пратеници делуваат во поглед на застапувањето на политиките за унапредување на енергетската ефикасност, климатските промени и урбаната мобилност. При посетата, се оствари средба со германскиот пратеник Јоспи Јуратовиќ, како и со преставници на Зелената партија. На средбите беше потенцирана важноста од активна вклученост на пратениците и граѓанските активисти од регионот на Западен Балкан во политиките од областа на животната средина и урбаната мобилност бидејќи само така може да се даде импулс во донесувањето на квалитетни законски решенија и доследно спроведување на истите. Делегацијата исто така беше примена и од преставници на невладината организација „Агора“ која важи за една од најактивните организации во Германија од оваа област, а го посетија и EUREF кампусот каде се запознаа со најиновативните решенија на германските истражувачи и иноватори од полето на енергетската ефикаснсот и урбаната мобилност. Студиското патување беше овозможено од Германското друштво за меѓународна соработка – Отворен регионален фонд за Југоисточна Европа за енергетска ефикасност (ОРФ ЕЕ), а во име на Германското сојузно министерство за економска соработка и развој.

Representative of CRPM and MPs from Macedonia visiting the German Bundestag for collecting experience in advocacy for policies related to environmental protection and urban mobility

From 6-9th of June, a representative of the Center for Research and Policy Making, accompanied by MPs Liljana Zaturoska, Maja Morachanin and Hari Lokvenec visited Berlin, where they were admitted at the German Bundestag and the Bundesrat. The purpose of this study tour was to gather experiences and knowledge on how German MPs an lawmakers are involved in advocating policies to promote energy efficiency, climate change and urban mobility. During the visit, the delegation met the German MP Josip Jurtatovic, as well as representatives of the Green Party. The German officials emphasized the importance of actively involving MPs and civil activists from the Western Balkan region in environmental and urban mobility policies, as it can only give impetus to the adoption of quality legal solutions and subsequent implementation of them. The delegation was also received by representatives of the Agora NGO, which stands for one of the most powerful organizations in Germany in this area; they visited the EUREF campus where they got familiarized with the latest solutions of German researchers and innovators in the field of energy efficiency and urban mobility. The study trip was supported by the Open Regional Fund for South East Europe – Energy Efficiency (ORF EE), on behalf of the German Federal Ministry for Economic Cooperation and Development, whereas implemented by the Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH.