Претставен нацрт – механизмот за упатување на лица во ризик од радикализација којaшто води до насилен екстремизам / referral mechanism for persons at risk of radicalization that leads to violent extremism

0
50
Пред релевантните локални чинители во Тетово (психолози, социјални работници, наставници, претставници од локалната самоуправа, верски заедници и други) го претставивме нацрт – механизмот за упатување на лица во ризик од радикализација којaшто води до насилен екстремизам. Моделот е заснован на се’опфатен пристап во заедницата и вклучува блиска соработка на локалните чинители при рана детекција на лица во ризик од радикализација. Локалните чинители имаа можност да дадат свое видување на механизмот како и да дадат препораки за што поуспешно прилагодување на механизмот на локалниот контекст во Тетово.
Проектот „Едуцирај за да превенираш – зајакнување на училишниот кадар и родителите за градење на отпорност кај младите од насилен екстремизам“ е имплементиран од Центарот за истражување и креирање политики – ЦИКП и Центарот за развој на образованието – ЦЕД во соработка со граѓанскиот концепт NEXUS со финансиска поддршка на Центарот за извонредност Хедаја за спречување на насилниот екстремизам како дел од Глобалната програма STRIVE, преку инструментот кој придонесува за стабилност и мир (IcSP) на Европската Унија.

We presented the draft version of the referral mechanism for persons at risk of radicalization that leads to violent extremism to the local stakeholders in Tetovo (psycologists, pedagogists, social workers, teachers, representatives from the local self government, religious community and others). the Model is based on holistic approach in the community and includes close cooperation between local stakeholders in early detection of persons in risk of radicalization.
Local stakeholders were given a chance to discuss the model and to give recommendation for better adaptation and adoption of the mechanism to the local context in Tetovo.
The project: “Educate to Prevent – Strengthening Front-line School Workers and Parents to Build Youth Resilience to Violent Extremism” implemented by Centre for Research and Policy Making – CRPM and Centre for Education Development – CED in association with NEXUS civil concept with the support of the Hedayah Centre of Excellence in Countering violent extremism as part of the STRIVE Global Program, through the Instrument Contributing to Stability and Peace (IcSP) of the European Union.