ПРЕТСТАВЕН ИЗВЕШТАЈОТ МIPEX 2015 ВО БРИСЕЛ

0
1092

На 9-ти јуни 2016 година во седиштето на Европскиот центар за политики во Брисел се одржа тркалезна маса на која беше претставен последниот извештај MIPEX 2015 кој всушност претставува скицирање на интегративните капацитети за странски државјани во земјите од Западен Балкан. Центарот за истражување и креирање политики ги презентираше наодите за Македонија, при што беше нагласено дека државните органи во следниот период треба да обрнат особено внимание во поглед на подобрување на образовните политики за децата на странските државјани кои престојуваат во земјава, како и во поглед на учеството во креирањето политики кои непосредно влијаат врз нивниот живот и остварувањето на основните човекови права. За време на дискусијата, акцент беше ставен и на неодамнешната бегалската криза и начините со кои се справуваат земјите кои беа на оваа рута. Беше искажана потребата и од целосно спроведување на договорот ЕУ-Турција кој сам по себе засега претсавува најдобро решение за контрола на приливот на бегалци од кризните жаришта на Блискиот исток кон Европа.

 

 


 

МIPEX 2015 report presented in Brussels

 

On 9th of  June 2016, the European Policy Centre in Brussels organized a round table at which was presented the last MIPEX 2015 report – a scan which actually presents the integrative capacities for foreigners in the Western Balkan countries. The Center for Research and Policy Making presented the findings in regards to Macedonia and it was stressed that national authorities in the next period should pay special attention in terms of improving educational policies for the children of foreign nationals and inclusive participation in the creation of policies that directly affect their lives and realization of fundamental human rights. During the discussion, emphasis was placed on recent refugee crisis and the coping mechanism of the countries which were on this route. It was highlighted the need for full implementation of the EU-Turkey agreement which by itself up to now represents the best solution for control of the influx of refugees from crisis hotspots in the Middle East to Europe.