Претставена анализата на потребите за усогласување на Кривичниот законик со Истанбулската конвенција во Република Македонија

0
15
Во рамки на проект спроведуван од страна на Center for Research and Policy Making и Македонско Женско Лоби беше претставена Анализата на потребите за усогласување на Кривичниот законик со Истанбулската конвенција во Република Македонија пред пратеничките во Собранието на РМ од повеќе политички партии. После претставување на главните наоди и заклучоци кои што произлегоа од анализата изготвена од тимот на ЦИКП, Др. Марија Ристеска и М-р Александар Цеков, пратеничките дадоа свое мислење и препораки во однос на измените на кривичниот законик и имплементација на измените согласно Истанбулската конвенција.
Следни активности во рамки на овој проект ќе биде стручна дебата со експерти од областа на кривичното право со цел усогласување на Кривичниот законик со Истанбулската конвенција на 09.04.2019.