Преставени резултатите од ЛОТОС истражувањето на меѓународната конференција „Размена на најдобрите практики од Европската Унија во следење на антикоруптивни практики на локално ниво“

0
1048

Во хотел Гранит – Охрид, од 28-30 Април 2015 год. се одржа Меѓународна конференција на тема „Размена на најдобрите практики од Европската Унија во следење на антикоруптивни практики на локално ниво“. Учество на конференцијата зедоа претставници од преку 60 општини, а панелисти беа експерти од областа на борба против корупција и добро управување од Хрватска, Србија, Црна Гора, Словачка и Македонија.

 

 

На конференцијата беа претставени резултатите од ЛОТОС истражувањето кое што беше спроведено во 43 општини, во периодот мај – октомври 2014 год., а исто така, беше организирана дискусија на 4 панели на кои беа претставени искуствата од следењето на антикоруптивни практики на локално ниво во повеќе земји од регионот.

Резултатите на општините беа претставени на скала од 1 до 10, а просекот за сите 43 општини изнесува 3,53. Најдобро остварениот резултат е 8,48, додека најслабиот резултат изнесува 0,42. Ова укажува дека постојат огромни разлики помеѓу општините во поглед на спроведувањето на практиките за доброто управување, како и тоа дека постои огромен простор за напредок кај најголем дел од општините.

 

 

Врз основа на резултатите, 43-те општини во кои што беше спроведено истражувањето беа групирани во 6 категории според степенот на добро управување. Притоа во групата на општини со добро управување се Струмица, Град Скопје, Велес и Илинден, а потоа следуваат Охрид, Битола, Карпош, Богданци, Радовиш и Штип. Најслаби резултати во истражувањето имаат забележано Чучер Сандево, Старо Нагоричане, Сарај и Зелениково.

Истражувањето е спроведено во рамки на проектот „Размена на најдобри практики од Европската Унија во следење на антикоруптивни практики на локално ниво“, финансиран од Европската Унија.

 

 

*******************

LOTOS results presented at the International conference “Exchange of best practices from the European Union in monitoring anti-corruption at local level”

 

In hotel Granit – Ohrid, from 28th to 30th of April was held International Conference Exchange of best practices from the European Union in monitoring anti-corruption measures at local level. At the conference took part representatives from more than 60 municipalities, and panelists were eminent experts in the field of anti-corruption and good governance at local level from Croatia, Serbia, Montenegro, Slovakia and Macedonia.

At the conference were presented the results from the LOTOS research which was conducted from May to October 2014 in 43 municipalities in Macedonia, and in addition were organized 4 panel discussions where best practices from the region and Europe in the area of monitoring anti – corruption and good governance at local level were presented.

The results for the LOTOS research are presented on a scale from 1 – 10 and the average results for the 43 municipalities is 3.53. Best result is 8.48, whilst the worst is 0.42. This suggests that there are huge discrepancies between the municipalities in implementing good governance practices, as well as that there is plenty of room for improvements.

Based on the results in this research, the 43 municipalities were grouped into 6 groups according to the level of good governance. In the group of good governed municipalities are Strumica, City of Skopje, Ilinden, Veles followed by Ohrid, Bitola, Karposh and Bogdanci. Worst results have achieved the municipalities of Cucher Sandevo, Staro Nagorichane Saraj and Zelenikovo.

The research was conducted within the frames of the project “Exchange of best practices in the European Union in monitoring antocorruption at local level” financed by the European Union.