Покана за вебинар „Родовата еднаквост и климатски промени“

0
479

Почитувани,

Центарот за истражување и креирање политики во име на Мрежата за родов надзор на буџетот за Западен Балкан и Република Молдавија и проектот „Низ женски леќи“ има чест да Ве покани на вебинарот под наслов „Родовата еднаквост и климатски промени“.

Настанот е овозможен со поддршка од Австриската агенција за развој (ADA), Шведската агенција за меѓународен развој (SIDA) и Делегацијата на ЕУ во земјава.

Вебинарот ќе се одржи на 13-ти јули (вторник) во периодот од 10 ч. до 14 ч.  преку платформата ЗУМ.

Вебинарот ќе ми овозможи:

– Сфаќање на поврзаноста помеѓу родовата еднаквост, родовите трансформативни активности и справувањето со климатските промени;

– Размена на мислења за родово-одговорното буџетирање и следењето на јавните финансии за активности поврзани за справување со климатските промени;

– Истражување на можностите за меѓусекторска соработка на граѓанското општество во регионот на Западен Балкан;

За да присуствувате, може да се пријавите на следниот линк:

https://bit.ly/geccregistration

Деталите за вебинарот, вклучително линкот за најавување и агендата, ќе добиете по извршената регистрација.

Обезбеден е превод од англиски јазик на македонски јазик и обратно.

Доколку имате какви било какви прашања или потреба од дообјаснување, испратете е-пошта на simonovski@crpm.org.mk.