ПОДЕЛБА НА МАКЕДОНИЈА НА РАЗУМНА И НА НЕРАЗУМНА

0
759

Ако ова е дел од некаква стратегија да привлечат гласачи на ваков начин, би требало да бидат претпазливи, бидејќи во неколку наврати се покажа дека македонскиот „просечен“ гласач има капацитет да расудува на далеку повисоко ниво од „црно-белата“ слика, па ваквиот вокабулар би можел да го сфати како навреда на сопствената интелигенција, истакнува Александар Цеков од Центарот за истражување и креирање политики

Вокабуларот и симплификацијата кои ги користат политичките партии често знае да им се врати како бумеранг на оние што ја промовираат партијата и уште понегативно да им се одрази на изборните резултати. Невниманието во давањето изјави од страна на носителите на политиката во партиите не смее да значи потценување на граѓаните и на гласачкото тело. Последната во низата изјави што дојдоа од централата на СДСМ – онаа на Петре Шилегов дека сите разумни и нормални луѓе ~ се приклучуваат на опозицијата, познавачите на политичката сцена ја коментираат како избрзана и невнимателна, но и надвор од етиката и политичката култура по која треба да се водат политичарите. Дали тоа значи дека оние што се држат надвор од политиката или се приврзаници на владејачката партија „не се нормални“ е прашањето кое го поставуваат аналитичарите. Партиите често користат ваков вокабулар за да се претстави политичката сцена во „црно-бела“ варијанта, за потоа да ги мобилизираат гласачите на основа на поедноставената слика во изборот на „добрите“, а кои „лошите“ момци во приказната, смета Александар Цеков од Центарот за креирање и истражување политики. За овој аналитичар, ако е целта со ваквата стратегија да се привлечат нови гласачи, СДСМ треба да биде повнимателен за да не го понижи гласачот кој евентуално треба да им ја донесе победата на следните парламентарни избори…(More…)