ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ФИНАНСИСКИ МЕНАЏЕР

0
312

 

ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ФИНАНСИСКИ МЕНАЏЕР

на меѓународниот проект:

Educate to Prevent – Strengthening Front-line School Workers and Parents to Build Youth Resilience to Violent Extremism

“Образувај за да превенираш – Зајакнување на училишниот кадар и родителите за развивање отпорност кај младите кон насилниот екстремизам”

 

Проектот е ко-финансиран од страна на Европската Унија

Повикувачки број: Hedayah/STRIVE/2017/R2/A2/01 Буџетска линија: 6.1.2

 

 

 

ОПИС НА РАБОТНИ ЗАДАЧИ

 

 

 

 

 

  1. Конкретни задачи

Програмски задачи за Финансискиот менаџер се:

  • Одговорен/а за обезбедување на усогласеност од правен, даночен и регулаторен аспект во доменот на финансиското работење;
  • Одговорен/а да осигура навременост, точност и корисност на даночните пријави на проектот;
  • Одговорен/а за примена на правилата за финансиско работење на донаторите со кои ЦИКП има склучено договор;
  • Одговорен/а за комуникација со државните органи, консултантски агенции, финансиски менаџери на донаторски агенции;
  • Одговорен/а за управување на сметките за побарувањата и обврските;
  • Одговорен/а за дневна контрола на книжењето на трансакциите;
  • Одговорен/а за финансиско известување кон донатори;
  • Одговорен/а за комплетноста и точноста на подготвените извештаи и податоци;
  • Креирање на фактури и други финансиски документи;
  • Изработување и испраќање извештаи за извршени уплати од страна на донатори;
  • Водење на архива;
  • Вршење на неопходни пресметки;
  • Желба да се вклучи во истражувачката и аналитичка работа на организацијата.

 

  1. Компетенции
  • Завшено високо образование (преферирани се магистерски и/или докторски студии) во економски науки
  • Компјутерски вештини  MS Office и Internet (користење на статистички софтвер STATA, или SPSS ќе се сметаат за предност)
  • Добро развиени интерперсонални и вештини за работа во тим
  • Мултикултурни вредности и споспобност за приспособување за работа во мулти-етничка и меѓународна средина
  • Одлично познавање (зборување и пишување) на Англиски јазик, познавање на Албански јазик ќе се смета за предност
  • 3 години искуство во проектен менаџмент; сметководство; ревизија и/или финансиски услуги
  • Надоместок

Бруто надоместок од 800 евра во денарска против вредност

 

  1. Општи правила за аплицирање:

Испратете CV (биографија на апликантот) и мотивациско писмо по електронска пошта на crpm@crpm.org.mk со назнака Апликација за финансиски менаџер најдоцна до 29.05.2018 година

Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во текстот на е-поштата да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во збирката за идни вработувања во Центарот за истражување и креирање политики – ЦИКП Скопје или сакате Вашите лични податоци да бидат уништени по истекот на активниот оглас.

Апликациите кои не ги исполнуваат условите од аспект на поседување на соодветно образование, работно искуство нема да бидат земени в предвид. За интервју ќе бидат поканети само оние кои комисијата за вработување на ЦИКП ќе ги претселектира и стави на кратка листа на најдобри кандидати за позицијата.

ЦИКП е средина која нуди еднакви можности. Лицата од ранливи групи и жени се особено охрабрени да аплицираат.