ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА КОНСУЛТАНТИ ОБУЧУВАЧИ И МЕНТОРИ

Share This Post

ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА КОНСУЛТАНТИ ОБУЧУВАЧИ И МЕНТОРИ

3 обучувачи (3 дена обука * 4 обуки * 4 менторски дена во 22 училишта) * 16 работни дена

на меѓународниот проект:

Educate to Prevent – Strengthening Front-line School Workers and Parents to Build Youth Resilience to Violent Extremism

“Образувај за да превенираш – Зајакнување на училишниот кадар и родителите за развивање отпорност кај младите кон насилниот екстремизам”

 Проектот е ко-финансиран од страна на Европската Унија

Повикувачки број: Hedayah/STRIVE/2017/R2/A2/01 Буџетски линии: 5.7.1.1. и 5.7.1.8.

 

ОПИС НА РАБОТНИ ЗАДАЧИ

 

  1. Конкретни задачи

Проектот спроведе истражување на перцепциите и јавното мислење на наставниците и другиот наставен кадар во 22 средни училишта. Податоците ЦИКП ги внесе во СПСС и СТАТА. На основа на дата базата на податоци Аналитичарот на проектот подготви заедно со проектниот координатор аналитички извештај на основа на кој проектот ги предвидува следниве задачи за Консултантите:

  • Да развие материјали за обука во согласност со програмата за обука
  • Да спроведе тридневна интерактивна обука основана на претходните искуства на учесниците и да биде адаптирана на потребите и специфичниот контекст на земјата и целните групи
  • Да развие лични развојни планови и спроведе менторска прграма на работно место за наставници и наставнички кадар
  • Да достави извештај за обука и извештај за личен развој преку менторска програма за секое менторирано лице
  1. Компетенции
  • Завршено високо образование
  • Компјутерски вештини  MS Office и Internet
  • Добро развиени интерперсонални и вештини за работа во тим
  • Мултикултурни вредности и споспобност за приспособување за работа во мулти-етничка и меѓународна средина
  • Одлично познавање (зборување и пишување) на Англиски јазик, познавање на Албански јазик ќе се смета за предност
  • 5 години искуство во обуки и 1 година искуство во обуки на тема радикализација, интер-етнички односи, насилен екстремизам и тероризам
  • Сертификат за обука на обучувачи ќе се смете за пресност
  • Искуство надвор од регионот ќе се смета за предност
  • Општи правила за аплицирање:

Испратете CV (биографија на апликантот), мотивациско писмо заедно со финансиска понуда (цена по ден) по електронска пошта на crpm@crpm.org.mk и stefanovski@crpm.org.mk со назнака Апликација за Обучувачи и ментори до 15.10.2018 година.

Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во текстот на е-поштата да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во збирката за идни вработувања во Центарот за истражување и креирање политики – ЦИКП Скопје или сакате Вашите лични податоци да бидат уништени по истекот на активниот оглас.

Апликациите кои не ги исполнуваат условите од аспект на поседување на соодветно образование, работно искуство нема да бидат земени в предвид. За интервју ќе бидат поканети само оние кои комисијата на ЦИКП ќе ги претселектира и стави на кратка листа на најдобри кандидати за позицијата.

ЦИКП е средина која нуди еднакви можности. Лицата од ранливи групи и жени се особено охрабрени да аплицираат.

More To Explore