ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА КОНСУЛТАНТИ ОБУЧУВАЧИ

0
891

ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА КОНСУЛТАНТИ ОБУЧУВАЧИ

4 обучувачи (3 дена обука * 2 обуки) вкупно 24 работни дена

 Во рамките на проектот: „Премин кон превенција: употреба на образованието за спречување на онлајн радикализација помеѓу младите“

(во оригинал: “Passage4prevent: use of education to prevent youth online radicalization”), финансиран од Европската Унија преку програмата Strive for Development.

 Буџетска линија: 5.7.1.2

 ОПИС НА РАБОТНИ ЗАДАЧИ

 

  1. Конкретни задачи

Проектот во претходна фаза разви програма за обука , материјали за обука во согласност со програмата за обука и истата доби позитивно мислење од БРО. Консултантите обучувачи ќе треба да

  • спроведат тридневна интерактивна обука основана на претходните искуства на учесниците и да биде адаптирана на потребите и специфичниот контекст на земјата и целните групи
  • развијат лични развојни планови заедно со обучените лица (наставници и наставнички кадар)
  • достават извештај за обука и извештај за личен развој на обучените лица
  1. Компетенции
  • Завршено високо образование
  • Компјутерски вештини  MS Office и Internet
  • Добро развиени интерперсонални и вештини за работа во тим
  • Мултикултурни вредности и споспобност за приспособување за работа во мулти-етничка и меѓународна средина
  • Одлично познавање (зборување и пишување) на Англиски јазик, познавање на Албански јазик ќе се смета за предност
  • 5 години искуство во обуки и 1 година искуство во обуки на тема радикализација, интер-етнички односи и насилен екстремизам
  • Општи правила за аплицирање:

Испратете CV (биографија на апликантот), мотивациско писмо заедно со финансиска понуда (цена по ден) по електронска пошта на crpm@crpm.org.mk  и aleksandar.cekov@crpm.org.mk  со назнака Апликација за експерти/компанија за креирање на е-курсеви до 25.12.2019 година.

Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во текстот на е-поштата да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во збирката за идни вработувања во Центарот за истражување и креирање политики – ЦИКП Скопје или сакате Вашите лични податоци да бидат уништени по истекот на активниот оглас.

Апликациите кои не ги исполнуваат условите од аспект на поседување на соодветно образование, работно искуство нема да бидат земени в предвид. За интервју ќе бидат поканети само оние кои комисијата на ЦИКП ќе ги претселектира и стави на кратка листа на најдобри кандидати за позицијата.

ЦИКП е средина која нуди еднакви можности. Лицата од ранливи групи и жени се особено охрабрени да аплицираат.