ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА КОНСУЛТАНТИ ЗА РАЗВОЈ НА ПРОГРАМА ЗА ОБУКА

0
409

 Повик за ангажирање на консултанти за развој на програма за обука

3 експерти * 9 работни дена на меѓународниот проект:

Educate to Prevent – Strengthening Front-line School Workers and Parents to Build Youth Resilience to Violent Extremism

“Образувај за да превенираш – Зајакнување на училишниот кадар и родителите за развивање отпорност кај младите кон насилниот екстремизам”

Проектот е ко-финансиран од страна на Европската Унија

Повикувачки број: Hedayah/STRIVE/2017/R2/A2/01 Буџетска линија: 5.7.1.6.

ОПИС НА РАБОТНИ ЗАДАЧИ

  1. Конкретни задачи

Проектот спроведе истражување на перцепциите и јавното мислење на наставниците и другиот наставен кадар во 22 средни училишта. Податоците ЦИКП ги внесе во СПСС и СТАТА. На основа на дата базата на податоци Аналитичарот на проектот подготви заедно со проектниот координатор аналитички извештај на основа на кој проектот ги предвидува следниве задачи за Консултантите:

  • Да ги прегледаат наодите на истражувањето и на основа на утврдените знаења, вредности, ставови и перцепции на наставниците и наставниот кадар за радикализација, насилен екстремизам и начини и механизми за справување:
    • Да развијат тренинг програма за наставници, наставен кадар и вработени во општините и други чинители на локално ниво (верски заедници, регионални совети за превенција, совети на родители и сл.)
    • Да развијат тренинг модули заедно со образовна цел на модулот, содржина на модул, нагледни средства, референтна литература
    • Да предложат методи на спроведување на модулот (работилници, игри, вежби) и листа на можни обучувачи кои имаат искуство во темата
  • Да развијат материјали за обука во согласност со програмата за обука

Тренинг програмата треба да биде интерактивна и мора да се основа на претходните искуства на учесниците и да биде адаптирана на потребите и специфичниот контекст на земјата и целните групи.

  1. Компетенции
  • Завршено високо образование (преферирани се магистерски и/или докторски студии) во безбедносни науки или други релевантни области: право, политика, психологија, социологија и сл.
  • Компјутерски вештини  MS Office и Internet
  • Добро развиени интерперсонални и вештини за работа во тим
  • Мултикултурни вредности и споспобност за приспособување за работа во мулти-етничка и меѓународна средина
  • Одлично познавање (зборување и пишување) на англиски јазик, познавање на албански јазик ќе се смета за предност
  • 5 години искуство во развој на програми за обуки и обучување и 1 година во доставување обуки за интер-етнички односи, поларизација, радикализација или насилен екстремизам
  • Општи правила за аплицирање:

Испратете CV (биографија на апликантот), мотивациско писмо заедно со финансиска понуда (цена по ден) по електронска пошта на crpm@crpm.org.mk  и stefanovski@crpm.org.mk  со назнака Апликација за Консултанти за програма за обука до 10.08.2018 година.

Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во текстот на е-поштата да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во збирката за идни вработувања во Центарот за истражување и креирање политики – ЦИКП Скопје или сакате Вашите лични податоци да бидат уништени по истекот на активниот оглас.

Апликациите кои не ги исполнуваат условите од аспект на поседување на соодветно образование, работно искуство нема да бидат земени предвид. На интервју ќе бидат поканети само оние кои комисијата на ЦИКП ќе ги претселектира и стави на кратка листа на најдобри кандидати за позицијата.

ЦИКП е средина која нуди еднакви можности. Лицата од ранливи групи и жени се особено охрабрени да аплицираат.